Ненси Пелоси, поранешна спикерка на Претставничкиот дом на САД, за руската редакција на Гласот на Америка изјави дека смртта на Навални „е ужасна трагедија, а неговото затворање исто така беше ужасна трагедија“. Таа се наоѓа во Минхен на безбедносната конфереција.
“Today my thoughts go to his family & his loved ones” per @NATO ’s @jensstoltenberg. “We remain committed to support everyone that believes in democracy & freedom as Alexei Navalny has done“Твит на Јенс Столтенберг
И првиот човек на НАТО оцени дека Русија „има сериозни прашања за кои требаат одговори“ по извештаите за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
„Длабоко сум тажен и загрижен“ изјави Јенс Столтеберг на Твитер и порача - „Сите факти треба да се утврдат“
Михаел Галер, германски пратеник во Европскиот парламент, во првичната реакција за смртта на Навални рече дека во лично го познавал и се обидувал да го убеди да не се враќа во Русија.