Линкови за пристапност

САД најавуваат финансиска помош за поддршка на демократиите во развој


УСАИД обезбедува 23 милиони американски долари за проекти во Малави, Замбија, Непал и Еквадор, кои според агенцијата ќе одат кон стабилизирање на демократијата, промовирање на раст на работните места и мобилизирање инвестиции
УСАИД обезбедува 23 милиони американски долари за проекти во Малави, Замбија, Непал и Еквадор, кои според агенцијата ќе одат кон стабилизирање на демократијата, промовирање на раст на работните места и мобилизирање инвестиции

САД објавија програма од 255 милиони долари за која велат дека ќе ги поддржат демократиите во развој.

Како дел од напорите, американската меѓународна финансиска корпорација за развој обезбедува заем до 100 милиони американски долари на банката Сидарта за да ги олесни заемите на малите и средни бизниси во Непал.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и администраторката на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) Саманта Пауер го објавија финансирањето на маргините на Генералното собрание на ОН.

УСАИД обезбедува 23 милиони американски долари за проекти во Малави, Замбија, Непал и Еквадор, кои според агенцијата ќе одат кон стабилизирање на демократијата, промовирање на раст на работните места и мобилизирање инвестиции.

Друг проект во Танзанија е насочен кон развој на дигитален портал за намалување на митото и корупцијата во јавните набавки.

Иницијативата вклучува и 110 милиони долари од компании и добротворни организации за проекти како што се развој на системи за складирање батерии во Малави, проекти за електрификација во Замбија, зајакнување на безбедноста на храната во Малави и зајакнување на сајбербезбедноста во Молдавија.

„Земено заедно, секое побезбедно раѓање, секоја потранспарентна владина институција им помага на луѓето да им се даде поголема доверба дека нивната влада работи за нив и дека всушност може да ги задоволи нивните потреби“, рече Блинкен.

„И сето тоа се здружува во градењето поддршка и градење на моќта на демократиите кои всушност даваат конкретни резултати“.

Некои информации во овој извештај се од Франс-прес

XS
SM
MD
LG