Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денес ја завршува посетата во Париз со разговори во Организацијата за економска соработка и развој.
Блинкен денес има одвоени средби со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес и колумбиската потпретседателка и министерка за надворешни работи Марта Рамирез.
Блинкен истакна неколку предизвици на почетокот на состаноците вчера, меѓу кои пандемијата на коронавирус, климатската криза, нееднаквоста и правила за технолошки развој на светот.
„Принципите на оваа организација и нашите демократии се конфронтирани од авторитарни влади кои сметаат дека нивниот модел е подобар за задоволување на основните потреби на граѓаните. Некои од овие исти влади активно сакаат да го потценат поредокот базиран на правила кои се фундаментални за безбедноста и просперитетот на нашите држави со генерации“, рече Блинкен без да спомне конкретни држави.
Блинкен вчера се сретна и со францускиот претседател Емануел Макрон во обид да ги подобри односите со Франција, кои се заладија по новиот безбедносен пакт меѓу САД, Британија и Австралија.
Средбата траела 40 минути и биле покренати прашања за заеднички проекти, кои што треба да ги најават францускиот претседател Макрон и американскиот претседател Џо Бајден за време на средбата подоцна овој месец.
Блинкен претходно се сретна со шефот на француската дипломатија и советникот за национална безбедност.
Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес
Facebook Forum