Линкови за пристапност

САД ќе работат со други земји да обезбедат транспорт на жито од Украина


САД ќе продолжат да работат со други земји за да обезбедат движење на жито надвор од Украина, откако Русија во денес го прекина учеството во годишниот договор постигнат со посредство на ОН, кој му дозволува на својот сосед да извезува жито преку Црното Море, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Договорот што беше на сила минатата година истече денес откако Русија се повлече и предупреди дека не може да ја гарантира безбедноста на бродовите, потег за кој Обединетите нации велат дека „ќе им нанесе удар на луѓето кои имаат потреба насекаде“.

САД не размислуваат да ги користат американските воени средства за да помогнат во заштитата на пратките со жито, рече Кирби.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG