Линкови за пристапност

Утре истекува договорот за извоз на жито од Украина


Претставници на ОН рекоа дека оваа недела се во тек разговорите за продолжување на договорот надвор од рокот на Русија во четврток.
Претставници на ОН рекоа дека оваа недела се во тек разговорите за продолжување на договорот надвор од рокот на Русија во четврток.

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса изјави дека делегација на африкански лидери планира да отпатува во Русија и Украина за да презентира мировен план.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на европските лидери на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и проектили, како и модерни борбени авиони.

Преговарачите кои се надеваат дека ќе го продолжат договорот со кој се дозволува извоз на жито од Украина се соочуваат со крајниот рок за четврток поставен од Русија, при што последниот овластен брод замина од Украина во средата.

Русија се пожали дека договорот за олеснување на извозот на нејзиното жито и ѓубриво не е исполнет.

Русија во март се согласи на 60-дневно продолжување на Црноморската иницијатива за жито, која од август минатата година дозволува, како што Обединетите нации ја нарекоа, критична испорака на жито на светскиот пазар.

Претставници на ОН рекоа дека оваа недела се во тек разговорите за продолжување на договорот надвор од рокот на Русија во четврток.

„Очигледно сме во деликатна фаза“, рече во вторникот портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

XS
SM
MD
LG