Линкови за пристапност

САД и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарно оружје


Поради неусогласеноста на Русија со обврските од „Њу СТАРТ“, САД нема да ѝ обезбедуваат годишна размена на податоци на Русија, со цел да ја охрабрат Русија да се врати на почитување на договорот, изјави Стејт департментот
Поради неусогласеноста на Русија со обврските од „Њу СТАРТ“, САД нема да ѝ обезбедуваат годишна размена на податоци на Русија, со цел да ја охрабрат Русија да се врати на почитување на договорот, изјави Стејт департментот

САД и Русија престанаа да споделуваат податоци за нуклеарното оружје двапати годишно според неуспешниот договор „Њу СТАРТ“ , последниот договор за контрола на оружјето меѓу двете земји, изјавија американските власти.

Официјални лица во Белата куќа, Пентагон и во Стејт департментот, рекоа дека САД понудиле да продолжат да ги даваат овие информации на Русија дури и откако претседателот Владимир Путин минатиот месец го суспендираше учеството на Русија во договорот, но Москва го информираше Вашингтон дека нема да ги споделува сопствените податоци.

„Поради неусогласеноста на Русија со овие обврски од договорот, САД нема да ѝ обезбедуваат годишна размена на податоци на Русија, со цел да ја охрабрат Русија да се врати на почитување на договорот“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Белата куќа, која претходно ја обвини Русија за повеќекратно прекршување на договорот, рече дека одбивањето на Русија да се придржува е „правно неважечко“ и дека одлуката за задржување на нуклеарните податоци е уште едно прекршување.

И покрај тоа што беше продолжен кратко време откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година, договорот беше сериозно тестиран од руската војна во Украина и едвај се одржуваше повеќе од еден месец откако Путин објави дека Русија повеќе нема да ги исполнува нејзините барања.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG