САД и Русија оценуваат дека нема напредок во разговорите околу намерата на Вашингтон да се повлече од договорот за нуклеарно оружје од 1987 година, со образложение дека Москва ги крши условите.
Три децении стариот договор за нуклеарно оружје со среден дострел забранува производство, тестирање и распоредување на копнени крстосувачки и балистички проектили со дострел од 500 до 5.500 километри.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД ќе го напуштат договорот на 2-ри февруари поради прекршувањата од страна на Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека пропаѓањето на договорот ќе отвори закана од нова трка во вооружување.
Путин, исто така, рече дека е отворен за тоа нови држави да се приклучат кон договорот за нуклеарно оружје или за отпочнување на преговори за нов договор.
Facebook Forum