Линкови за пристапност

Русија не успеа да ја избрише Украина од мапата, рече Блинкен


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен разговараше со новинарот Бен Кол од „Фокс Њуз“ за напорите на администрацијата да ги солободи затворените Американци во Русија и поддршката за Украина.

Тој, меѓудругото, рече дека Русија не успеала да го поситигне во Украина она што првично го имала замислено - да ја избрише Украина од мапата и да го елиминира нејзиното постоење како независна држава.

„Тоа не успеа и нема да успее“, рече Блинкен.

Бен Хол: Јас бев новинар кој беше повреден од руска артилерија, а секако има уште еден новинар кој го држат Русите во моментов. Дали може да ни објасните какво е нивото на дијалог меѓу САД и Русија за Иван во моментов, а исто така и за Пол Вилан. Дали се разговара за размена на затвореници?

Блинкен: Дијалогот е нерегуларен. Бевме во контакт. Остануваме во контакт преку нашата амбасада. Имаме канал што претседателот Бајден и претседателот Путин го воспоставија пред извесно време за да се справат со произволното притворање на нашите граѓани. Така, ние ќе продолжиме да го следиме тоа, но факт е дека Иван е неправедно приведен. Треба веднаш да биде ослободен.

Бен Хол: Видовме голем број Американци кои беа држени од Русите, а сепак ми се чини дека тие навистина не се соочуваат со никакви последици поради тоа. Знам дека има одредени санкции поради тоа, но нема никаква порака до Русите дека ако ги земат Американците, ќе има тешки последици. Што би рекле на тоа? Како да направиме повеќе за да ја спречиме Русија да затвора Американци?

Блинкен: Знаете дека презедовме голем број мерки, вклучително и санкции, низ годините и низ случаите. Но, мислам дека она што го гледате, повторно, е можеби најголемата санкција од сите е да се продолжи изолацијата на Русија, изолација што започна кога тие ја нападнаа Украина.

Бен Хол: Но тоа не ги спречи да затвораат Американци.

Блинкен: Па, во одреден момент, заедно со изолацијата, заедно со мерките што можеме да ги преземеме, што другите можат да ги преземат - и патем, работиме со други земји за да изградиме уште посилна коалиција за да се осигураме дека таму се силни последици за секоја земја што се занимава со овие практики.

Бен Хол: Во однос на Украина, изгледа како да има малку застој во моментот на бојното поле.

Блинкен: Како што знаете подобро од кој било затоа што сте длабоко ангажирани околу Украина, Русија веќе не успеа во смисла дека она што тие првично се обидуваа да го постигнат - да ја избришат Украина од мапата, да го елиминираат нејзиното постоење како независна држава. Тоа не успеа и нема да успее. Знаеме дека Украинците размислуваат за контраофанзива во следните недели. Ајде да видиме што ќе се случи со тоа. И на крајот, нивниот успех на бојното поле е најдобриот начин и веројатно најбрзиот начин да се дојде до преговори што произведува праведен и издржлив мир.

Бен Хол: Многу е интересно да се види како претседателот Шји неодамна разговараше со Зеленски, а во моментов има кинески дипломати кои одат во Украина. Дали сте отворени Кина да стане миротворец овде?

Блинкен: Мислам дека сме отворени за секоја земја што ќе се вклучи во одговорни напори да се обиде да го унапреди мирот, а тоа започнува со неколку работи. Започнува, пред сè, со признавањето дека она што е фундаментално загрозено е територијалниот интегритет и суверенитет и независноста на Украина, така што секој мировен договор треба да го има тоа како основа. Исто така, многу е важно секој што се ангажира во напорите за унапредување на мирот да разговара директно со Украинците. Тие се оштетената страна.

XS
SM
MD
LG