Линкови за пристапност

Русија негира дека имало разговори меѓу Блинкен и Лавров       


Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска отворено му кажа на својот руски колега Сергеј Лавров дека САД планираат да ја поддржат Украина „колку што е потребно“ во нејзината одбрана.

Стејт департментот соопшти дека највисоките дипломати на двете суперсили разговарале 10 минути на маргините на собирот во Индија на највисоките функционери на Групата 20 индустријализирани земји. Тоа беше нивна прва дискусија по состанокот во Женева во јануари минатата година, еден месец пред Русија да ја започне својата инвазија на соседна Украина.

Ставот на САД за Украина не е нов, а претседателот Џо Бајден честопати јавно ветува дека ќе и помогне на Украина во воено задржување на руските сили и го осудува претседателот Владимир Путин за инвазијата и неговото одбивање да ја прекине.

Руското Министерство за надворешни работи демантираше дека имало разговори.

Блинкен му рекол на Лавров дека решавањето на војната треба да се случи во согласност со одредбите на Повелбата на Обединетите нации кои го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет. Блинкен рече дека САД и Украина сакаат да ја завршат војната врз основа на тоа, но претставник на Стејт департментот рече: „она што може да недостасува е слична определба од Москва“.

Секојдневно се водат жестоки борби за контрола на источна Украина, а Русија ја задржува контролата врз украинскиот полуостров Крим, кој го зазеде во 2014 година - преземање што не е широко признаено низ целиот свет.

Стејт департментот рече дека Блинкен, исто така, му рекол на Лавров дека Русија треба повторно да се приклучи на Новиот договор за контрола на нуклеарното оружје СТАРТ од кој неодамна се повлече и да ги почитува условите што бараат секоја земја да ги ограничи своите резерви на нуклеарно оружје на 1.550 боеви глави и дозволува инспекции од двете земји.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека состанокот на Г-20 бил нарушен со „неиспровоцирана и неоправдана војна на Русија против Украина и намерна кампања за уништување на цивили“. Тој рече дека „мора да продолжиме да ја повикуваме Русија да ја прекине својата агресивна војна заради меѓународниот мир и економската стабилност“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека западните делегации „ја претворија работата на агендата на Г-20 во фарса, сакајќи да ја префрлат одговорноста за нивните неуспеси во економијата на Руската Федерација.“ Тој го обвини Западот дека го „закопа“ договорот, да се дозволи извоз на жито од Украина.

XS
SM
MD
LG