Линкови за пристапност

Русија вели дека нема планови за нова мобилизација


Од почетокот на годината, повеќе од 335.000 луѓе стапија во воена служба со договор и во волонтерски формации, рече Шојгу
Од почетокот на годината, повеќе од 335.000 луѓе стапија во воена служба со договор и во волонтерски формации, рече Шојгу

Русија нема планови за дополнителна мобилизација на мажи за борба во Украина, бидејќи досега оваа година повеќе од 335.000 се пријавиле да се борат во вооружените сили или во доброволните единици, изјави денес министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Русија ги зајакнува своите вооружени сили и го зголемува производството на оружје во очекување на долга војна во Украина, каде фронтовите едвај се поместуваат една година.

„Нема планови за дополнителна мобилизација“, беше прикажан Шојгу како им кажува на највисоките генерали на државната телевизија.

„Вооружените сили го имаат потребниот број на воен персонал за спроведување на специјалната воена операција“.

Шојгу, сојузник на претседателот Владимир Путин, го поздрави патриотизмот на оние што се пријавиле.

„Од почетокот на годината, повеќе од 335.000 луѓе стапија во воена служба со договор и во волонтерски формации“, рече Шојгу.

„Само во септември над 50.000 граѓани потпишаа договори. Тие бројки покажуваат дека Русија постигна значителен напредок и во потпишувањето на регрути и во апсорпцијата на многу борци од платеничката сила Вагнер во доброволни формации“.

Путин нареди „делумна мобилизација“ на 300.000 резервисти во септември минатата година, поради што стотици илјади млади момчиња ја напуштија Русија за да избегнат да бидат испратени да се борат.

Путин постојано изјавува дека нема потреба да се повторува мобилизацијата, за која некои руски официјални претставници велат дека била грешка бидејќи поттикнала многумина да заминат.

XS
SM
MD
LG