Линкови за пристапност

Двајца Руси бараат азил во САД за да избегнат воена мобилизација во Русија


Двајца Руси кои рекоа дека избегале од земјата за да избегнат воена служба, побарале азил во САД откако слетале со мал брод на оддалечениот остров Алјаска во Беринговото Море, соопшти вчера канцеларијата на американската сенаторка Лиза Мурковски.

Карина Боргер, портпаролка на републиканската сенаторка од Алјаска, рече дека канцеларијата е во комуникација со американската крајбрежна стража и царината и граничната служба, и оти „руските државјани пријавиле дека побегнале од една од крајбрежните заедници на источниот брег на Русија за да избегнат задолжителна воена служба“.

Одделот за домашна безбедност рече дека луѓето „биле транспортирани во Енкориџ на инспекција, што вклучува процес на проверка, а потоа ќе бидат процесирани во согласност со важечките американски закони за имиграција согласно Законот за имиграција и националност“.

Агенцијата соопшти дека двајцата Руси пристигнале во вторникот со мал брод. Не даде детали за тоа од каде дошле, за нивното патување или барањето за азил.

Илјадници Руси побегнаа откако претседателот Владимир Путин најави мобилизација за зајакнување на руските сили во Украина.

Додека Путин рече дека овој потег има за цел да повика околу 300.000 мажи со минат воен рок, многу Руси стравуваат дека тој ќе биде поширок.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG