Линкови за пристапност

Американски новинар уапсен во Русија под сомнение за шпионажа


Стејт департментот ги советува американските граѓани да не патуваат во Русија поради опасноста од произволно апсење
Стејт департментот ги советува американските граѓани да не патуваат во Русија поради опасноста од произволно апсење

Руската безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека известувач на американскиот весник Волстрит Журнал, Еван Гершкович е приведен во Екатеринбург под сомнение на шпионажа, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Во соопштение за Интерфакс, руската безбедносна служба вели дека ги „запрела нелегалните активности на новинарот акредитиран во руското Министерство за надворешни работи, кој е осомничен дека шпионирал за американската влада.“

Според нив, Гершкович наводно добил задача „од американска страна“ да собира информации за „активности на едно од претпријатијата на воено-одбранбениот комплекс“, но нема детали.

Весникот ги негира тврдењата и побара итно ослободување на репортерот, кој веќе бил изведен на распит во Москва, каде судот му одредени притвор до 29 мај. Државната агенција ТАСС соопшти дека тој се изјаснил за невин. Властите јавно не објавија докази, а ТАСС соопшти дека случајот бил означен како „строго доверлив“.

31 – годишниот Гечкович шест години работи во Русија како новинар. Тој е најпознатиот Американец уапсен таму по кошаркарската ѕвезда Бритни Гринер, која беше ослободена во декември минатата година, по 10 месеци минати во затвор поради обвинение за дрога.

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков изјави дека репортерот бил „фатен на дело“. Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека е рано за да се зборува за каква било можна размена на затвореници со САД, чиј дел би бил новинарот.

Стејт департментот ги советува американските граѓани да не патуваат во Русија поради опасноста од произволно апсење.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG