Линкови за пристапност

Разговаравме со Израел за попрецизни операции во Газа, вели шефот на Пентагон


За време на заедничката прес-конференција во Израел со неговиот колега Јоав Галант, Остин повика на враќање на останатите заложници што ги држеше Хамас во Газа и го потврди „основното право на Израел“ на самоодбрана
За време на заедничката прес-конференција во Израел со неговиот колега Јоав Галант, Остин повика на враќање на останатите заложници што ги држеше Хамас во Газа и го потврди „основното право на Израел“ на самоодбрана

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја истакна важноста Израел да ги ограничи цивилните жртви во густо населената Газа и ја повтори „непоколебливата“ посветеност на САД да го поддржат Израел во неговата војна против Хамас.

За време на заедничката прес-конференција во Израел со неговиот колега Јоав Галант, Остин повика на враќање на останатите заложници што ги држеше Хамас во Газа и го потврди „основното право на Израел“ на самоодбрана.

Тој додаде дека САД „ќе продолжат да бараат заштита на цивилите за време на конфликтот и да го зголемат протокот на хуманитарна помош во Газа“.

„Имаме одлични размислувања за тоа како да преминеме од операции со висок интензитет на операции со помал интензитет и повеќе прецизни операции“, рече Остин.

„Имавме одлични дискусии за сите тие прашања“.

Остин повика и на повоено решение со две држави меѓу Израел и неговите палестински соседи, нагласувајќи дека нестабилноста и несигурноста се во корист на Хамас.

Галант рече дека Израел постепено ќе премине во следната фаза од своите операции во Газа дозволувајќи му на локалното население прво да се врати на север од крајбрежниот појас.

„Во секоја област каде што ја остваруваме нашата мисија, ќе можеме постепено да преминеме во следната фаза и да почнеме да работиме на враќање на локалното население“, рече Галант.

Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН денес би можел да гласа за резолуција со која се повикува на хуманитарен прекин на огнот во појасот Газа.

Нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност, која ја видоа повеќе новински агенции, повикува на „итен и одржлив прекин на непријателствата за да се овозможи безбеден и непречен хуманитарен пристап“.

„Хјуман рајтс воч“ денес соопшти дека израелската влада „користи гладување на цивили како метод на војување во окупираниот појас Газа, што е воено злосторство“.

Организацијата изјави дека високи израелски функционери „дале јавни изјави во кои ја изразуваат својата цел да ги лишат цивилите во Газа од храна, вода и гориво - изјави кои ја одразуваат политиката што ја спроведуваат израелските сили“.

XS
SM
MD
LG