Линкови за пристапност

Расте бројот на неисхранети деца во Газа, предупредија ОН


Палестинските деца чекаат да добијат храна зготвена од добротворна кујна во Рафа во јужниот дел на појасот Газа, на 13 февруари 2024 година
Палестинските деца чекаат да добијат храна зготвена од добротворна кујна во Рафа во јужниот дел на појасот Газа, на 13 февруари 2024 година

Агенциите на Обединетите нации (ОН) денес соопштија дека неисхранетоста се зголемува меѓу децата во Газа и бремените жени и доилките.

Најтешка е ситуацијата во северниот дел на територијата, која со недели е отсечена од испорака на помош. Хуманитарните агенции велат дека оваа ситуација може да се спречи ако се дозволи повеќе и постојана помош.

Пензионираниот израелски генерал Бени Ганц, кој е дел од воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во неделата предупреди дека доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници што ги држи во Газа пред муслиманскиот свет месец Рамазан, кој започнува околу 10 март, „ борбите ќе продолжат во областа Рафа“.

Ганц рече дека секоја израелска офанзива во Рафа ќе биде направена во координација со Египет и САД за да се олесни евакуацијата и „да се минимизираат цивилните жртви колку што е можно повеќе“.

Претставници на Обединетите нации велат дека ниту едно место не е безбедно за цивилите да одат во Газа.

Египет, кој дели дел од својата граница со Рафа, се противи на евакуацијата на Палестинците на нејзина територија, велејќи дека тоа би значело нивно принудно раселување.

Израел негира дека тоа е неговата намера.

Сателитските снимки покажуваат дека Египет започна со изградба на високобезбедносна тампон зона во близина на границата со Газа во случај на масовен егзодус на луѓе од Газа.

Нетанјаху во неделата повтори дека Израел има намера да ја „заврши работата“ во својата намера да го елиминира Хамас.

Израел ја започна својата воена кампања за елиминирање на Хамас откако борците на групата преминаа во јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа околу 240 луѓе како заложници.

Се верува дека Хамас, која од САД е означена како терористичка група, сè уште држи околу 130 заложници во Газа, вклучително и 30 за кои се верува дека се мртви.

XS
SM
MD
LG