Линкови за пристапност

САД очекуваат Израел да ги заштити невините луѓе во болниците, кажа Кирби


Израел го обвини Хамас за загрозување на цивилите, велејќи дека милитантната група намерно дејствува во станбени области и во мрежа од тунели под него
Израел го обвини Хамас за загрозување на цивилите, велејќи дека милитантната група намерно дејствува во станбени области и во мрежа од тунели под него

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, денес рече дека Израел има право да се брани, но додаде дека „очекуваме да го сторат тоа во согласност со меѓународното право и да ги заштитат невините луѓе во болниците, медицинскиот персонал и пациентите, исто така, колку што е можно“.

Израел го обвини Хамас за загрозување на цивилите, велејќи дека милитантната група намерно дејствува во станбени области и во мрежа од тунели под него.

Борбите во Газа продолжија и денес со израелски воздушни напади насочени кон милитантите на Хамас во северните, централните и јужните региони.

Пријавени се воздушни напади и жестоки борби во јужниот град Кан Јунис, вториот по големина град во појасот Газа.

Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека се убиени најмалку 25.295 Палестинци, од кои многу жени и деца. Министерството не го прецизира бројот на цивили и борци на Хамас меѓу загинатите.

Шефот за надворешна политика на Европската Унија Жозеп Борел, пак, го критикувше начинот на кој Израел ја спроведува својата војна против Хамас во појасот Газа, велејќи дека „хуманитарната ситуација не може да биде полоша“.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG