Линкови за пристапност

Останува многу работа за нов прекин на огнот во Газа, кажа Блинкен


Американскиот државен секретар и претседателот на Израел Исак Херцог се ракуваат пред нивниот состанок во Претседателската резиденција во Ерусалим, 7 февруари 2024 година
Американскиот државен секретар и претседателот на Израел Исак Херцог се ракуваат пред нивниот состанок во Претседателската резиденција во Ерусалим, 7 февруари 2024 година

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес рече дека „останува многу работа“ пред да се спроведе нов прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на Хамас во Газа и да се ослободат заложниците кои ги држи Хамас.

Блинкен се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Израел, но американскиот Стејт департмент објави дека нема итен пробив во дискусиите за одговорот на Хамас на планот за прекин на огнот и ослободување заложници, смислен од САД, Израел, Катар и Египет.

Израел се чини отворен за прекин на огнот неколку недели во замена за ослободување на заложниците.

Како одговор, Хамас претстави план во три фази, кој ќе опфаќа повеќе од 4 и пол месеци, со сите заложници да бидат ослободени во замена за стотици Палестинци затворени од Израел, и крај на војната, при што Хамас ќе продолжи да управува со Газа и да му биде дозволено да ја обнови својата војска.

Но, таквиот крај на четиримесечната војна директно е против решеноста на Израел да ја избрише контролата на Хамас врз Газа, и да ја елиминира секоја континуирана воена закана за еврејската држава од Хамас, која од САД е означена како терористичка група.

Во нападот на милитантите врз Израел на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а 240 луѓе беа заробени како заложници.

Во контраофанзивата на Израел загинаа повеќе од 27.500 Палестинци, според здравствените власти на Хамас.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека барањата на Хамас за прекин на огнот се преувеличени, но дека преговорите ќе продолжат.

Блинкен и Нетанјаху треба да одржат одделни прес-конференции подоцна денес.

Во својот предлог, Хамас повика на три 45-дневни фази, прво ослободување на сите преостанати жени и деца, како и постари и болни мажи, во замена за неодреден број палестински затвореници кои ги држи Израел.

XS
SM
MD
LG