Линкови за пристапност

Претставник на САД во Бејрут на разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах


Американскиот претставник Амос Хохштајн се состана со претседателот на либанскиот парламент Набих Бери во Бејрут на 21 октомври 2024 година
Американскиот претставник Амос Хохштајн се состана со претседателот на либанскиот парламент Набих Бери во Бејрут на 21 октомври 2024 година

Израелската војска денес се извини за убиството на тројца либански војници во напад во јужен Либан, додека американски претставник пристигна во Бејрут на разговори со либански официјални лица за потенцијалните услови за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах, со седиште во Либан.

Портпаролот на израелската војска рече дека нападот во неделата погодил возило во сопственост на либанската Армија и дека Израел не дејствува против либанската војска.

Посетата на американскиот претставник Амос Хохштајн на Бејрут вклучува планирани разговори со Наџиб Микати, привремениот премиер на Либан, како и со Набих Бери, претседател на Парламентот.

Покрај напорите за запирање на борбите меѓу Израел и Хезболах, САД, исто така, вршат притисок врз либанските пратеници да продолжат со изборот на претседател како дел од напорите за зајакнување на владините институции.

Либанската војска не одигра улога во конфликтот, кој ескалира во текот на изминатиот месец со проширување на кампањата за воздушни напади на Израел и инвазија на израелски трупи во јужен Либан.

Израел вели дека неговата цел е да го оддалечи Хезболах од пограничните области со цел да се овозможи безбедно враќање на израелските граѓани во областите во северен Израел.

„Хезболах плати и ќе продолжи да плаќа висока цена за своите напади врз северен Израел и неговиот ракетен оган“, рече министерот за надворешни работи Израел Кац во понеделникот на Икс.

„Ќе продолжиме да го напаѓаме иранскиот полномошник додека не колабира“.

Хезболах, поддржан од Иран, започна воздушни напади против Израел по нападот на милитантите на Хамас врз јужен Израел во октомври 2023 година.

Хамас уби околу 1.200 луѓе, а зароби околу 250 други.

Во израелската контраофанзива во појасот Газа загинаа повеќе од 42.600 Палестинци, според Министерството за здравство во Газа.

Министерството не прави разлика меѓу милитантите и цивилите во својот број.

САД, Обединетото Кралство, Европската Унија и други, ги прогласија Хезболах и Хамас за терористички организации.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG