Линкови за пристапност

Фатлуме Дервиши: Загрозено е професионалното новинарство во Северна Македонија


Фатлуме Дервиши, беше единствената новинарка од Северна Македонија на тринеделна меѓународна обука за дезинформации и истражувачко новинарство во САД
Фатлуме Дервиши, беше единствената новинарка од Северна Македонија на тринеделна меѓународна обука за дезинформации и истражувачко новинарство во САД

Фатлуме Дервиши, е единствената новинарка од Северна Македонија, која заедно со уште 20 други новинари од целиот свет, беше на тринеделна обука за дезинформации и истражувачко новинарство во САД, како дел од програма за новинари на Стејт Департментот.

Новинарката од Алсат телевизија, Фатлуме Дервиши, беше дел од група од 21 новинар од различни делови на светот и единствена од Северна Македонија, каде при посетата на повеќе медиуми во САД, како што е Гласот на Америка, средби со искусни новинари, но и претставници на Стејт департментот, универзитетски професори, се здобила со искуства за тоа како САД се справуваат со дезинформациите.

За Дервиши, која била дел од програмата за новинари, „Едуард Муроу“ на Стејт департментот, тоа отворило нови видици за неа.

За дезинформациите: Разговор со Фатлуме Дервиши, новинарка
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

„Присутните новинари беа од различни земји на светот, беа од африканските држави, од земјите на Латинска Америка, Балканот и секој од своето искуство зборуваше за професионалното новинарство, како до истражувачко- професионално новинарство. Беше многу корисна за мене со информации, кои јас сега ќе ги користам овде при мојата работа“, вели Дервиши.

Новинарите кои беа учесници таму, беа многу внимателно избрани, од земји каде ризикот од дезинформации е многу поголем
Фатлуме Дервиши

Ја прашавме како Северна Македонија се справува со лажните вести во однос на САД и другите земји. Тие вели не се нов феномен ниту кај нас .

„Не можам да кажам дека ризикот од дезинформации во САД и во Македонија е сличен. Бидејќи во САД имаат многу повеќе ресурси и соработка меѓу институциите да се справуваат со тоа. Во споредба со другите земји, новинарите кои беа учесници таму, беа многу внимателно избрани, од земји каде ризикот од дезинформации е многу поголем, особено од дезинформации од Русија и Кина“, вели Дервиши.

Смета дека државата треба да направи долгорочен план, како во наредните 10 години институциите да се занимаваат со дезинформациите, да одвојуваат средства, за да овој проблем почне да се третира сериозно. Се зборувало и за тоа како е да се биде истражувачки новинар во САД, во споредба со останатите земји, предизвиците со кои се соочуваат новинарите , како и нивната безбедност.

„За разлика од таму тука во Македонија, професионалното новинарство е загрозено. Можеби ниеден национален медиум тука во Македонија, ги нема условите, ниту половина од условите, кои таму ги имаат дури и локалните медиуми. Таму цел еден систем е посветен за новинарите да имаат простор и можност за работа. И цел еден систем е посветен на тоа да се почитува првиот амандман, слободата на говорот“, објаснува Дервиши.

Во САД вели и законите се во полза на новинарите и нивната работа.

„Секој новинар чекаше два до три дена за да дојде до информации од јавен карактер. За разлика од таму тука во Македонија е 20 дена. И во многу од случаите, ако бара материјали од јавен карактер тие можеби не ги ни добива и нема каде да се жали. Во овие години како новинарка, јас сум пратила 30-40 барања за информации од јавен карактер, и само во два случаи сум добила некаков материјал“, вели Дервиши.

Дервиши вели дека ќе продолжи гласно да зборува за потребата од професионално новинарство во земјата, подобри услови за работа, подобри закони за заштита на слободата на говорот, безбедноста на новинарите, правото на информирање, како и за потребата од план за борба против дезинформациите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG