Линкови за пристапност

Повеќе земји го користат интернетот да шират дезинформации, рече Блинкен


Во Пекинг, кинеските власти го обвинија Вашингтон дека „создава поделби во светот“ во име на демократијата
Во Пекинг, кинеските власти го обвинија Вашингтон дека „создава поделби во светот“ во име на демократијата

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека демократијата се соочува со закани, вклучително и на Интернет, на втотиот Самит за демократија, на кој учествуваа лидерите од 120 влади, а од кој беа исклучени Москва и Пекинг.

Една од темите беше унапредување на слободата на интернет.

„Повеќе земји го користат интернетот за да се обидат да го контролираат говорот, да го потиснат несогласувањето и да шират дезинформации“, рече Блинкен.

Во Пекинг, кинеските власти го обвинија Вашингтон дека „создава поделби во светот“ во име на демократијата.

Оваа недела, Кина е домаќин на форум за деловни и политички лидери, на чија агенда е вклучена и нејзината иницијатива „Појас и пат“.

Експертите велат дека ова е најновиот пример на американско-кинеска конкуренција за глобално влијание, како што кинескиот лидер Шји Џјинпинг се обидува да го промовира меѓународниот статус на Кина.

„Ја гледам 2023 година како година во која Кина уште еднаш ја нагласува својата дипломатија и нејзината улога во светот. Форумот трае многу години, дури и пред американско-кинеската конкуренција да стане толку интензивна, но мислам дека има сè поголемо ривалство меѓу организациите предводени од Кина и организациите предводени од Западот“, вели Бони Глејзер од Германскиот маршалов фонд.

Вчера, Блинкен рече дека САД преземаат чекори за заштита на безбедноста на податоците на своите граѓани од авторитарни влади, во услови на зголемени повици од законодавците да ја забранат ТикТок, популарна апликација за споделување видео.

XS
SM
MD
LG