Линкови за пристапност

Повеќе жени на власт е клучно за здрава демократија, вели Камала Харис


Ваквата изјава доаѓа додека Белата куќа е домаќин на својот втор Самит за демократија во Вашингтон
Ваквата изјава доаѓа додека Белата куќа е домаќин на својот втор Самит за демократија во Вашингтон

Во пресрет на средбата со единствената жена претседател на држава во Африка, потпретседателката Камала Харис рече дека повеќе жени на власт е клучна состојка за здрава демократија.

Нејзината средба доаѓа додека Белата куќа е домаќин на својот втор Самит за демократија во Вашингтон.

Харис рече дека во енергична демократија, жените да освојуваат позиции на моќ треба да биде вообичаена појава, а не ретка и вредна за вести.

Додека се подготвува да се сретне со танзаниската претседателка Самиа Сулуху Хасан, таа денес разговараше со жени претприемачи и лидери во главниот град на Гана, и најави повеќе од една милијарда долари за унапредување на економското учество на жените во Африка.

Како одговор на прашање од Гласот на Америка, Харис рече дека женското лидерство е основно за здрава демократија и дека тоа е тема што таа често ја покренува на состаноците на високо ниво.

„Во секој билатерален разговор што го имам со речиси секој светски лидер, тоа е тема што ја покренуваме затоа што веруваме дека е во најдобар интерес за просперитетот и безбедноста за светот“, рече таа.

Ова прашање е една од целите на виртуелниот самит во Вашингтон, чиј кодомаќини се Костарика, Холандија, Јужна Кореја и Замбија.

Во Замбија, Центарот Картер, основан од поранешниот американски претседател Џими Картер, ќе биде домаќин на програма поврзана со самитот оваа недела.

Дејвид Керол е директор на програмата за демократија таму и за Гласот на Америка изјави дека инклузивноста е клучна.

„Здравите демократии се оние кои се инклузивни“, изјави тој за Гласот на Америка. „Тие се оние кои имаат транспарентност, кои ги почитуваат основните основни слободи и права“.

Претседателот на САД Џо Бајден денес го отвори вториот Самит за демократија, ветувајќи дека САД ќе потрошат 690 милиони долари во наредната година за зајакнување на програмите за демократија ширум светот.

„Како што често велиме, овде сме во точка на пресврт во историјата, кога одлуките што ги носиме денес сигурно ќе влијаат на текот на нашиот свет во следните неколку децении“, рече Бајден.

Белата куќа истакна дека САД особено сакаат да направат „технологијата да работи за, а не против демократијата“.

XS
SM
MD
LG