Линкови за пристапност

Демократијата страда кога оние што се на власт бараат мито, вели Јелен


Борбата против корупцијата е колективен напор кој бара сите да спроведуваат заеднички сет на правила - од владини службеници, сопственици на бизниси до семејства од работничка класа, изјави секретарката за финансии на САД на вториот Самит за демократија
Борбата против корупцијата е колективен напор кој бара сите да спроведуваат заеднички сет на правила - од владини службеници, сопственици на бизниси до семејства од работничка класа, изјави секретарката за финансии на САД на вториот Самит за демократија

САД ја зајакнуваат глобалната антикорупциска стратегија, покрај домашните напори за борба против корупцијата, изјави секретарката за финансии Џенет Јелен на вториот Самит за демократија на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

„Без силен и унифициран глобален пристап, корумпираните актери ќе продолжат да ги искористуваат финансиските дупки и лесно регулираните јурисдикции“, рече Јелен.

Таа истакна дека борбата против корупцијата е колективен напор кој бара сите да спроведуваат заеднички сет на правила - од владини службеници, сопственици на бизниси до семејства од работничка класа.

„Кога оние што се на власт се способни да бараат мито, да склучуваат договори или да ги збогатат своите пријатели, сите ние страдаме. Демократијата страда“, изјави Јелен.

Таа рече дека „треба да ги искористиме сите наши алатки, вклучително и меѓународните финансиски институции, за да им помогнеме на оние кои се посветени на искоренувањето на финансискиот криминал и да идентификуваме каде земјите сè уште не преземаат соодветни чекори. Можеме и мораме да унапредиме архитектура која ги штити нашите општества и нашите финансиски системи од злоупотреба“.

Според неа, демократиите се одговорни да создадат свет во кој слободните институции можат да напредуваат и во кој оние кои играат според правилата имаат најголеми шанси за успех.

На почетокот на Самитот за демократија и државниот секретар Ентони Блинкен ги истакна автократите кои ги кршат човековите права и ги потиснуваат основните слободи, како и корупција што ја јаде вербата на младите во нивната иднина.

„Гледаме дека авторитарните режими достигнуваат надвор од нивните граници за да ги принудат слободните и отворени општества преку сè поагресивни, ревизионистички надворешни политики. Ништо не ја илустрира тежината на таа закана повеќе од бруталната и неоправдана војна на Русија против Украина“, рече Блинкен.

XS
SM
MD
LG