Линкови за пристапност

Постигнат е вистински напредок во разговорите со Шји, рече Бајден


Во соопштението на Белата куќа се вели дека лидерите „одржале искрена и конструктивна дискусија за низа билатерални и глобални прашања и размениле мислења за областите на разликите“
Во соопштението на Белата куќа се вели дека лидерите „одржале искрена и конструктивна дискусија за низа билатерални и глобални прашања и размениле мислења за областите на разликите“

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Шји Џјинпинг денес се согласија да ја обноват комуникацијата меѓу војската и да соработуваат на политиките за борба против дрогата - два главни резултата од нивните први разговори лице в лице во една година.

Бајден и Шји се состанаа околу четири часа на периферијата на Сан Франциско и покриваа точки на притисок што придонесоа за затегнати американско-кинески односи.

Пекинг соопшти дека двајцата лидери се согласиле да ги обноват воените контакти што Кина ги прекина откако поранешната спикерка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајван во август 2022 година.

Бајден побара двете земји да ги институционализираат дијалозите меѓу војските, а американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе се сретне со својот кинески колега кога ќе биде именувано тоа лице, изјави висок американски претставник.

Бајден и Шји се согласија да соработуваат за решавање на изворот на опиоидот фентанил, водечка причина за предозирање со дрога во САД, соопштија САД.

Шји се обиде да го увери Бајден за кинеските намери кон Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, велејќи дека Кина нема планови за воена акција против Тајван во наредните години, но тој ги постави условите каде може да се употреби сила, изјави американски официјален претставник.

Бајден побара од Кина да го почитува тајванскиот изборен процес, рече претставникот.

Бајден рече дека САД и Кина мораат да се погрижат конкуренцијата меѓу нив „да не премине во конфликт“ и да управуваат со нивните односи „одговорно“.

Тој рече дека прашањата како што се климатските промени, борбата против наркотиците и вештачката интелигенција бараат нивно заедничко внимание.

По утринската сесија на разговори и пред да се упатат на ручек со Шји, Бајден рече на платформата за социјалните медиуми Х, дека е од витално значење тие да се разберат меѓусебно.

„Постојат критични глобални предизвици кои бараат наше заедничко лидерство. И денес постигнавме вистински напредок“, рече тој, без да образложи.

По ручекот, лидерите направија кратка прошетка по интеракција што траеше околу четири часа.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека лидерите „одржале искрена и конструктивна дискусија за низа билатерални и глобални прашања и размениле мислења за областите на разликите“.

Шји му рекол на Бајден дека многу се случило од нивната последна средба пред една година на Бали.

„Светот излезе од пандемијата на ковид, но сè уште е под нејзините огромни влијанија. Глобалната економија се опоравува, но нејзиниот моментум останува слаб“.

Тој ги нарече односите меѓу САД и Кина „најважните билатерални односи во светот“ и рече дека тој и Бајден „носат тешки одговорности за двата народа, за светот и за историјата“.

„За две големи земји како Кина и САД, вртењето грб една на друга не е опција“, рече тој.

„Нереално е едната страна да ја преуреди другата, а конфликтот и конфронтацијата имаат неподносливи последици за двете страни“.

XS
SM
MD
LG