Линкови за пристапност

Односите со Кина мора да се постават на поодговорна основа, рече Кирби


Претседателот Џо Бајден се среќава со кинескиот лидер Шји Џјинпинг во Калифорнија в среда
Претседателот Џо Бајден се среќава со кинескиот лидер Шји Џјинпинг во Калифорнија в среда

Координаторот на Националниот совет за безбедност за стратешки комуникации Џон Кирби, во интервју за Гласот на Америка, зборува за Украина и за средбата на претседателот Џо Бајден со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, кои ќе се сретнат во Калифорнија в среда.

Претставници на Белата куќа велат дека една од нивните главни цели на самитот е едноставно да осигураат дека двете страни ќе продолжат да разговараат, за да се намалат шансите тензиите меѓу САД и Кина да прераснат во конфликт.

Глас на Америка: Во однос на состанокот со Шји, клучна тема за претседателот мислам дека на претстојниот состанок е да го предупреди Пекинг да не се меша во изборите на Тајван. Тајван вели дека тоа веќе се случило преку воен притисок, преку дезинформации, манипулирање со анкети. Може ли претседателот да го убеди Шји Џјинпинг за ова прашање, кое очигледно е многу чувствително и за Кинезите?

Кирби: Претседателот со нетрпение ја очекува оваа средба со претседателот Шји овде оваа недела. Доаѓа по многу, многу месеци подеми и падови во нашата врска. Тој верува дека како двајца лидери, кои управуваат со две земји чии билатералните односи буквално имаат едни од најголеми последици во светот, мораме да ги поставиме на поодговорна основа отколку што е или било досега. И тој верува дека на оваа средба доаѓа од силна позиција. Економијата на САД сега е посилна отколку што беше во многу, многу децении. И ги зацврстивме и ревитализиравме нашите сојузи и партнерства низ регионот Азија-Пацифик и пошироко. И тој со нетрпение очекува да ги слушне и перспективите на претседателот Шји за тоа како да се управува со овој однос понатаму. Нема да навлегувам во повеќе детали во однос на спецификите низ кои ќе поминат и секако не во однос на мешањето на изборите во Тајван. Јас само би рекол дека не е невообичаено актерите од НР Кина да се однесуваат неодговорно кога станува збор за мешање во изборите во регионот и пошироко. И ние веруваме дека вистинската сила на демократијата се слободните и фер избори кои се непречени, непрекинати и ненарушени од странско мешање, и тоа е нешто за што ќе продолжиме да разговараме со нашите колеги во Тајван, секако нешто што ќе разговараме со нашите сојузници и партнери од целиот регион.

Глас на Америка: Можете ли да зборувате конкретно за какви безбедносни гаранции САД се подготвени за мировната формула на Зеленски за Украина?

Кирби: Се обидуваме да направиме се` што можеме за да ја операционализираме оваа мировна формула. Рековме, го кажавме ова јавно дека постконфликтна Украина, повоена Украина ќе продолжи да има потреба од силни одбранбени односи со САД и со другите земји низ Европа за да ја задржат својата воена подготвеност. Тие сè уште ќе имаат долга граница со Русија. Сега, како точно ќе изгледа тоа? Знаете, ние сè уште ги водиме тие разговори.

Глас на Америка: Јермак е, исто така, многу отворен за улогата на Иран во Русија, во руската и во војната во Украина. Дали за тоа ќе се разговара и на оваа средба?

Кирби: Ќе го чекаме известувањето. Ќе ве известиме.

Глас на Америка: Во однос на Иран - зошто САД се задоволни само со одвраќање кога станува збор за спротивставување на Иран и иранските помошници во Сирија и Ирак?

Кирби: Мислам дека не би се согласил со премисата на прашањето. Воведовме повеќе санкции за две и пол години - 400 субјекти против ирански групи, организации и поединци. Ја додадовме нашата воена способност во регионот, ја зголемивме нашата позиција на сила, вклучително и во последните неколку недели. Очигледно презедовме одмазднички напади за да ги искористиме можностите на Корпусот на Револуционерната гарда за финансирање, обезбедување ресурси и обука на овие прокси групи, кои продолжуваат да ги напаѓаат нашите трупи во Ирак и Сирија. Бевме многу силни во однос на Иран и ќе продолжиме да го правиме тоа.

XS
SM
MD
LG