Линкови за пристапност

Бајден фокусиран на стабилизирање на односите со Кина на средбата со Шји


Состанокот, во близина на Сан Франциско, доаѓа по една тешка година во односите меѓу Кина и САД, и пред претседателските избори во Тајван
Состанокот, во близина на Сан Франциско, доаѓа по една тешка година во односите меѓу Кина и САД, и пред претседателските избори во Тајван

Претседателот на САД Џо Бајден денес се состана со кинескиот претседател Шји Џјинпинг надвор од Сан Франциско, додека двајцата лидери се подготвуваат за собир на азиско-пацифичките економии.

Бајден рече дека е фокусиран на стабилизирање на односите меѓу двете суперсили.

Изнесувајќи ги своите цели пред состанокот, Бајден рече дека негов приоритет е „да се врати на нормален тек на кореспонденција“ со претседателот Шји Џјинпинг и неговата влада.

Но, состанокот, во близина на Сан Франциско, доаѓа по една тешка година во односите меѓу Кина и САД, и пред претседателските избори во Тајван.

Претставници на администрацијата изјавија за Гласот на Америка дека Белата куќа продолжува да ја поддржува политиката „Една Кина“, но исто така сака да види како тајванската демократија продолжува да напредува.

Џон Кирби, директор за стратешки комуникации во Националниот совет за безбедност, рече за Тајван дека пораката на Белата куќа е конзистентна.

„Претседателот јасно ќе му стави до знаење за Тајван дека нема промена во нашата политика „Една Кина“, дека не ја поддржуваме независноста на Тајван, дека не сакаме да видиме дека тензиите низ Тајванскиот теснец преминуваат во каков било вид конфликт, секако не воен, дека не сакаме да видиме промена на статус кво на унилатерален начин и секако не со сила“, рече Кирби.

Двајцата лидери ќе се сретнат со главни извршни директори, нагласувајќи ја „интензивната конкуренција“ - особено во однос на технологијата - за која Бајден вели дека ги поткрепува односите меѓу САД и Кина.

XS
SM
MD
LG