Линкови за пристапност

Поранешниот лидер на „Прауд бојс“ осуден на 22 години затвор за нападот на Конгресот


Енрике Тарио е осуден за неговата улога во планирањето на упадот во Конгресот, кога илјадници поддржувачи на тогашниот претседател на САД насилно се обидоа да го спречат Конгресот да ги потврди резултатите од изборите
Енрике Тарио е осуден за неговата улога во планирањето на упадот во Конгресот, кога илјадници поддржувачи на тогашниот претседател на САД насилно се обидоа да го спречат Конгресот да ги потврди резултатите од изборите

Поранешниот претседател на десничарската група „Прауд бојс“ е осуден на 22 години затвор за неговата улога во нападот на Конгресот на САД на 6 јануари 2021 година од страна на приврзаниците на Доналд Трамп кои се обидуваа да го поништат изборниот пораз на поранешниот претседател.

Енрике Тарио е осуден за неговата улога во планирањето на упадот во Конгресот, кога илјадници поддржувачи на тогашниот претседател на САД насилно се обидоа да го спречат Конгресот да ги потврди резултатите од изборите, за кои Трамп лажно тврди дека има широко распространета измама.

Федералните обвинители побараа од американскиот окружен судија Тимоти Кели да му изрече затворска казна од 33 години на Тарио. Обвинителите рекоа дека тој помогнал да се насочи нападот од Балтимор.

Адвокатите на Тарио побараа значително пократка казна.

Кели минатата недела осуди друг лидер на екстремно десничарската група Итан Нордеан, на 18 години, помалку од 27-те години што ги бараа обвинителите.

Повеќе од 1.100 луѓе се уапсени под обвинение поврзани со нападот на конгресот, а од нив најмалку 630 се изјаснија за виновни.

Пет лица, вклучително и еден полицаец, загинаа за време или кратко време по немирите, а повеќе од 140 полицајци беа повредени.

Конгресот претрпе штета од милиони долари.

Специјалниот советник Џек Смит, кој ги истражува пошироките напори за поништување на изборите во 2020 година, го обвини Трамп, фаворит за претседателската номинација на републиканците во 2024 година, за обид да се задржи на власт.

XS
SM
MD
LG