Линкови за пристапност

Комисијата за минатогодишните немири на 6-ти јануари го одложи сослушувањето во среда


Панелот на Претставничкиот дом што ги истражува минатогодишните немири на 6-ти јануари во американскиот Капитол соопшти дека го одложи планираното сослушување во среда.

Не беше наведена причина а, панелот со планираното рочиште во четврток ќе биде одржан.

На сослушувањето во понеделникот беше прикажано снимено сведочење на поранешниот јавен обвинител Вилијам Бар и бројни други лица од Белата куќа и политички соработници на тогашниот претседател Доналд Трамп, кои рекоа дека постојано му кажувале дека неговите наводи за измама на изборите во 2020-та година се неосновани и дека тој го изгубил реизборот.

Бар рече дека многу од тврдењата на Трамп за изборни нерегуларности се „целосно лажни и глупави“.

„Му кажав на претседателот дека тврдењата за измама се „глупости““, рече Бар, потсетувајќи се на една од неговите неколку состаноци во Белата куќа со Трамп пред да поднесе оставка кон крајот на 2020-та година.

„Тој беше огорчен поради тоа“, се сеќава Бар, велејќи дека го напуштил состанокот мислејќи: „Тој се оддалечува од реалноста ако навистина верува дека бил измамен“.

„Никогаш немаше индикации за интерес за тоа кои се вистинските факти“, рече Бар за Трамп.

До ден денес, Трамп тврди дека легитимно победил на изборите пред две години, и дека демократот Џо Бајден станал претседател со лажно пребројување на гласовите во неколку сојузни држави. Сепак, пребројувањето во тие држави покажа дека Бајден тесно го победил и дека сите откриени помали неправилности немало да бидат доволни за да го нарушат исходот.

Анкетите покажуваат дека многу поддржувачи на Трамп продолжуваат да веруваат во неговите лажни тврдења дека победил на изборите.

Истражниот панел прикажа неколку видеа на официјални лица во неколку клучни држави кои ги разоткриваат тврдењата на Трамп, вклучително и дека камион со гласови на Бајден бил доставен на бројачите на гласови по изборите, дека гласале илјадници мртви луѓе и дека една гласачка кутија со гласови одеднаш била извлечена од под маса додека работниците ги броеле гласовите во јужната држава Џорџија.

„Му кажав дека многу информации што ги добива се лажни“, сведочеше Ричард Доногју, поранешен вршител на должноста заменик државен обвинител, во друг видео клип прикажан од комисијата.

Трамп во голема мера го слушал својот долгогодишен адвокат, поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, опишан од сведоците како пијан ноќта на изборите, кој го убедувал Трамп да прогласи победа.

Трамп, во раните утрински часови на 4-ти ноември 2020-та година, им рекол на приврзаниците во Белата куќа: „Искрено, ние победивме на овие избори“ и тврдел дека тековното пребројување гласови е „измама на американскиот народ“.

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG