Линкови за пристапност

Сведочење за притисокот на Трамп врз Пенс да ги поништи изборите во 2020-та година


Комисиите на пратеници кои ги истражуваат немирите на 6-ти јануари во американскиот Конгрес минатата година, денес ќе имаат сведочења за тоа како поранешниот претседател Доналд Трамп извршил притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс да го спречи Конгресот да потврди дека демократот Џо Бајден го освоил претседателството.

Пенс претседаваше со Конгресот кога се пребројуваа гласовите на Изборниот колеџ за потврда на победата на Бајден кога околу 2.000 поддржувачи на Трамп упаднаа во Конгресот за да ја попречат постапката.

Трамп, јавно се обрати на митинг во близина на Белата куќа непосредно пред одржувањето на Конгресот и го замоли Пенс да го отфрли изборното пребројување каде Бајден тесно победи и да ги врати резултатите назад во државите каде законодавните тела под контрола на републиканците би можеле да побараат нови избори.

Но, Пенс, кој беше лојален на Трамп за време на неговите четири години во Белата куќа, одби, велејќи дека неговата улога е ограничена со Уставот.

„Немав право да ги поништам изборите“, рече Пенс тогаш, иако се бараше од него да го потврди и својот пораз од страна на демократката Камала Харис, сега потпретседателка на САД.

Денешното сослушување е трето од серијата закажана за овој месец, а која го прикажува начинот на кој се случи бунтот и улогата на Трамп во него со тоа што ги покани своите поддржувачи да дојдат во Вашингтон и „да се борат“ за да го задржат на функцијата.

Повеќе од 800 од нив се уапсени под обвиненија од навлегување и вандализирање на Конгресот до напад на полицијата. Некои водачи се обвинети и за бунтовнички заговор.

XS
SM
MD
LG