Линкови за пристапност

Разговори за коалициски партнер по вчерашните избори во наредните денови


Партијата ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 42 отсто од гласовите со речиси сите преброени гласачки ливчиња од парламентарните избори вчера, со што добија 58 места во 120-члениот Парламент, наспроти 15 отсто за Социјалдемократите (СДСМ)
Партијата ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 42 отсто од гласовите со речиси сите преброени гласачки ливчиња од парламентарните избори вчера, со што добија 58 места во 120-члениот Парламент, наспроти 15 отсто за Социјалдемократите (СДСМ)

Националистичката опозиција во Северна Македонија почна да бара коалициски партнер денес, откако гласачите фрустрирани од недостатокот на напредок кон членството во Европската Унија (ЕУ) ставија крај на седумгодишното владеење на социјалдемократите.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 42 отсто од гласовите со речиси сите преброени гласачки ливчиња од парламентарните избори вчера, со што добија 58 места во 120-члениот Парламент, наспроти 15 отсто за Социјалдемократите (СДСМ).

Во вториот круг за поцеремонијална улога на претседател, Гордана Силјановска-Давкова, универзитетска професорка која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, убедливо го победи актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, и стана првата жена шеф на државата.

Пренасочување од лево кон десно беше поттикнато од гневот на гласачите поради бавниот развој и постојаната корупција, кои ја задржаа кандидатурата на државата од 2005 година за пристапување во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ беше на власт до 2017 година, пред да биде соборена поради наводна корупција, а некои гласачи изразија загриженост дека нејзината националистичка наклонетост би можела да им наштети на односите со соседите на ЕУ, Грција и Бугарија, и нејзината кандидатура за ЕУ.

Во 2001 година, НАТО ја повлече Северна Македонија од работ на граѓанска војна за време на бунтот на етничките Албанци и вети побрза интеграција во ЕУ и НАТО.

Земјата влезе во НАТО во 2020 година. Албанците сочинуваат околу четвртина од населението, а албанските партии се во повеќето коалициски влади од формирањето на Северна Македонија, кога Југославија се распадна во 1991 година.

Албанската алијанса ВЛЕН/ВРЕДИ, која обезбеди 11 отсто од гласовите, е еден од можните партнери на националистите, а ЗНАМ, етнички македонска отцепка од СДСМ, која доби 5,5 отсто од гласовите или 6 пратенички места, е друг.

Разговорите се очекуваат во наредните денови.

„Ова беше епска победа за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петар Арсовски, аналитичар од Скопје.

„Релативно наскоро ќе видиме контури на новата влада“.

Владејачката партија СДМС го призна поразот доцна вчера, бидејќи разликата во гласовите што ја објави Изборната комисија стана јасна, што предизвика прослави пред седиштето на опозицијата.

XS
SM
MD
LG