Линкови за пристапност

Сè поблиску до цензусот за претседателски избори


СКОПЈЕ – До 17 часот, според податоците од обработени 93 отсто од избирачки места, за претседател на државата гласале 682 илјади граѓани и до исполнување на цензусот од 727.728 илјади граѓани недостигаат помалку од 50 илјади гласа.

Кога станува збор за парламентарните избори излезноста до 17 часот е над 46 отсто а гласале 806.253 гласачи. Според ДИК споредено со предвремените парламентарни избори во 2020 година, има зголемување на излезноста од 8,15 отсто.
Најголема излезност има во ИЕ 1 – 51,44 проценти а најмала во шестата изборна единица – 36,87 проценти.

До ДИК се пристигнати 450 приговори за заштита на избирачкото право од кои 228 се усвоени, 22 се отфрлени а останатите се работат.

XS
SM
MD
LG