Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се квалификуваше за првата републиканска дебата од претседателската кампања на САД 2024 година на 23 август во Милвоки, соопшти денес неговата кампања.
Пенс првично се чинеше дека е изложен на ризик да не учествува во дебатата, која е отворена само за оние кои добиле поддршка од 40.000 индивидуални донатори.
Кампањата на Пенс соопшти дека за Фокс њуз, кој е домаќин на дебатата, во понеделникот изјавила оти ја исполнила целта.
Пенс е заглавен во едноцифрен број во анкетите, далеку зад поранешниот претседател Доналд Трамп, кој рече дека планира да ја прескокне дебатата.
„Мајк Пенс успеа брзо и лесно да го надмине прагот на донаторите и тој се радува на суштинска дебата“, рече портпаролот Девин О'Мали во изјавата.
„Се надеваме дека поранешниот претседател Трамп има храброст да се појави.
Како и Трамп, Пенс и гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, уште најмалку пет кандидати се квалификуваа: поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хејли, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, американскиот сенатор Тим Скот и претприемачот Вивек Рамасвами.
Извор: Ројтерс