Линкови за пристапност

Пенс е првиот американски потпретседател кој се кандидира против неговиот поранешен шеф


Неколку кандидати неделава влегоа во републиканската трка за претседател. Тие ќе се обидат да му отежнат на поранешниот претседател Доналд Трамп да ја зграби партиската номинација по трет последователен пат.  Поранешниот американски потпретседател, Мајк Пенс, е еден од нив.
Неколку кандидати неделава влегоа во републиканската трка за претседател. Тие ќе се обидат да му отежнат на поранешниот претседател Доналд Трамп да ја зграби партиската номинација по трет последователен пат.  Поранешниот американски потпретседател, Мајк Пенс, е еден од нив.

На неговиот 64-ти роденден, поранешниот потпретседател Мајк Пенс за прв пат директно го нападна главниот учесник во трката, поранешниот претседател Доналд Трамп, во чија сенка тој стоеше четири години.

„Верувам дека секој што се поставува над Уставот не треба никогаш да биде претседател на САД. И секој што барал од друг да се постави над Уставот не треба никогаш повеќе да биде претседател на САД“, изјави Пенс.

Кога демонстрантите - поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитолот на 6-ти јануари 2021 година, имаше извици „обесете го Мајк Пенс!“ бидејќи тогашниот потпретседател одбивал да постапи по барањето на претседателот формално да го пренасочи процесот кој водел кон прогласување на Џо Бајден за победник на изборите во 2020 година.

Пенс се држи за традиционалните ставови на републиканците во однос на економијата и надворешно-политичките прашања. Тој е бел евангелистички Христијанин, какви што главнината на неговата партија. Пенс има намера да се претстави како најконзервативен од сите партиски кандидати по социјалните прашања, како што е абортусот.

„Откако водеше најконзервативна администрација во американската историја, Доналд Трамп и другите во трката се оддалечуваат од каузата за неродените“, рече Пенс.

Како што вели професорот за политички науки на Џорџ Мејсон Универзитетот, со неговите квалификации, зошто тогаш Пенс покажува поддршка во анкетите за јавно мислење во едноцифрени бројки меѓу републиканците? И многу е поназад од најблискиот кандидат до Трамп, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис.

„Служењето на функцијата потпретседател го направи понезначаен во споредба со сите други потпретседатели. Претседателот Доналд Трамп бараше екстремна лојалност до точка на сервилност“, изјави професорот Џереми Мејор.

„Трамп ја трансформираше партијата. Гледате луѓе кои сакаат да го заменат Трамп, како Рон ДеСантис - одат во популизам и во војна на културите. Што тој ќе може да направи, а што не ни покажал до сега, е дали има способност да биде популист во тонот. А тоа е она што бара Републиканската партија по Трамп“, додава Мејор.

Што и да се случи нареднава година на републиканските прелиминарни избори, Мајк Пенс веќе направи историја со тоа што стана прв поранешен американски потпретседател кој директно го предизвикал некогашниот партнер на изборното ливче.

XS
SM
MD
LG