Линкови за пристапност

Операција за извлекување од реката Потомак по судирот меѓу авион на „Американ Ерлајнс“ и армискиот хеликоптер


Се стравува дека голем број луѓе загинале по судирот меѓу патничкиот авион на „Американ Ерлајнс“ со 64 лица и армискиот хеликоптер БлекХок со тројца војници, по што паднаа во студената река Потомак близу Националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон. Во тек е операција за извлекување.

Се стравува дека голем број луѓе загинале откако регионалниот патнички авион на „Американ Ерлајнс“ со 64 лица, од кои 60 патници и четворица членови на екипажот, вчеравечер (29 јануари) се судри со хеликоптер БлекХок на американската армија и се урна во студената река Потомак во близина на Националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон.

Официјални лица од противпожарната служба на Вашингтон утринава (30 јануари) изјавија дека напорите за пребарување и спасување преминуваат во операција за извлекување, при што 28 тела се извлечени и нема преживеани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG