Линкови за пристапност

ОН пронајдоа поголеми докази за руски воени злосторства во Украина


Комисијата е загрижена поради континуираните докази за воени злосторства извршени од руските вооружени сили во Украина, се вели во извештајот
Комисијата е загрижена поради континуираните докази за воени злосторства извршени од руските вооружени сили во Украина, се вели во извештајот

Новиот извештај на истражната комисија на ОН за Украина документира се` поголем број докази за воени злосторства и можни злосторства против човештвото извршени од Русија во нејзината агресивна војна против Украина.

Извештајот, кој беше доставен до Советот за човекови права на ОН денес, претставува слика за широко распространети прекршувања и злоупотреба врз цивилното население и за бесмислено, големо уништување на основната инфраструктура.

„Комисијата е загрижена поради континуираните докази за воени злосторства извршени од руските вооружени сили во Украина“, рече Ерик Мозе, претседател на комисијата.

„Во втората година од вооружениот конфликт, луѓето во Украина продолжуваат да се справуваат со загубата и повредата на најблиските, големите уништувања, страдањата и траумите, како и економските тешкотии што произлегоа од тоа“, рече тој.

„Илјадници се убиени и повредени, а милиони остануваат внатрешно раселени или надвор од земјата“.

Русија ја бојкотираше постапката и не беше во просторијата да одговори на овие обвиненија.

Во минатото негираше дека цели на цивили.

Последните податоци од Канцеларијата на високиот комесаријат за човекови права на ОН покажуваат дека бројот на цивилни загинати е 9.614, а повредени на 17.535 откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Агенцијата, сепак, забележува дека бројот на жртви најверојатно ќе биде многу поголем.

Истражителите известуваат дека „нападите со експлозивно оружје во населените области доведоа до големо уништување и штета и беа водечка причина за смртни случаи и повреди меѓу цивилното население“.

XS
SM
MD
LG