Линкови за пристапност

Злосторствата на Русија против Украина се геноцид, вели Парламентарното собрание на НАТО


Во своето ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави декларацијата
Во своето ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави декларацијата

Парламентарното собрание на НАТО едногласно ги призна злосторствата на Русија против Украина како геноцид, што претставува дипломатска победа за Украина со далекусежни политички последици“, рече Јехор Черниев, шеф на делегацијата на Украина на собранието во Луксембург.

„Ова е наша дипломатска победа. Сите наши клучни желби во врска со конечниот текст на декларацијата се земени предвид“.

Декларацијата вклучува поддршка за меѓународниот трибунал за руски воени злосторства, ветување дека ќе ѝ помогне на Украина да постигне победа, посветеност за враќање на територијалниот интегритет на Украина, спроведување на дополнителни санкции и програма за помош слична на Маршаловиот план за да помогне во обновувањето на економијата на земјата.

Во своето ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави декларацијата од Парламентарното собрание на НАТО.

„Работите се нарекуваат како што се: јасно признавање на злосторствата на Русија против нашата земја како геноцид“, рече тој.

„Ова е вистинска основа и за другите меѓународни организации“.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG