Линкови за пристапност

САД ќе назначат обвинител да ѝ помогне на Украина во истрагите за руски воени злосторства


Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд рече дека е постигнат добар напредок во однос на некои осомничени
Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд рече дека е постигнат добар напредок во однос на некои осомничени

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд изјави дека Одделот за правда има намера да назначи обвинител и правен советник кои ќе ѝ помогнат на Украина во нејзините напори да ги истражи и гони осомничените воени злосторства од страна на руските сили.

Обвинителот ќе биде со седиште во Хаг во Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичната правда, рече Гарланд, по состанокот со украинскиот јавен обвинител Андриј Костин.

Гарланд рече дека резидентен правен советник, исто така, ќе биде испратен во Амбасадата на САД во Киев ова лето.

Тој рече дека украинските обвинители работеле со Одделот за правда за да ги истражат воените злосторства за кои САД имаат јурисдикција, како што се оние кои убиваат или повредуваат Американци.

Конгресот, исто така, неодамна ги прошири овластувањата на Одделот да ги гони сите воени злосторници пронајдени во САД.

„Постигнавме добар напредок во однос на некои осомничени“, им рече Гарланд на новинарите денес, додавајќи дека истрагата „тече многу добро“.

Костин им рече на новинарите дека ја поздравува помошта од Одделот за правда и рече дека Украина исто така разговара со американските разузнавачки агенции „за можноста за споделување разузнавачки информации за да се истражат и гонат конкретни воени злосторства извршени од Русите“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG