Линкови за пристапност

Загревање пред битката за Обамакеар во Конгресот


Обама и Пенс на Капитол хил

Актуелниот претседател Барак Обама, демократ и новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс, републиканец се сретнаа со нивните колеги во Конгресот пред најавената политичка битка за отповикување и заменување на националните реформи за здравствена заштита, кои се сметаат за најзначајно достигнување на Обама на домашен план.

Обама ги повика демократските законодавци да се спротивстават на напорите за поткопување на она кое Американците го знаат како Обамакеар, програма преку која беа осигурени 20 милиони граѓани, но некои беа принудени да платат поголема партиципација за здравствената услуга.

Во меѓувреме, Пенс се сретна со републиканците кои бараат отповикување на законот од 2010-та, со кој Американците имаат задолжение да купат здравствено осигурување или во спротивност да платат казна, иако неговите сопартијци, досега, не излегоа со конкретен план за замена на законот.

„Не ги спасувајте“ - републиканските планови за замена на законот со нешто полошо, беше цитиран Обама од страна на законодавците. Тој ја напушта функцијата за две недели, но се обидува да обезбеди поддршка за неговите политики, за кои новоизбраниот претседател на САД Трамп кажа дека ќе промени дел од нив, вклучувајќи го и Обамакеар.

Пенс на републиканските законодавци им рекол да „бидат внимателни“ во време кога се обидуваат брзо да променат закон, кој беше донесен без ниту еден републикански глас во Конгресот. Отповикувањето на овој закон би бил нивен прв законодавен обид со новиот состав.

Пенс исто така кажа дека законодавците мора да знаат дека „ние се грижиме за животите на луѓето“, нивните одлуки за здравјето и како тие плаќаат за здравствената заштита. Тој повика за план за промена кој ќе ја „рефлектира чувствителноста на новоизбраниот претседател на САД. Тој вели дека новиот закон мора „да ги намали трошоците за здравствена заштита, без владата да има поголема улога во тоа.“

XS
SM
MD
LG