Линкови за пристапност

Републиканците ја преземаат моќта во Вашингтон


Со заклетвата во 115-от Конгрес, ретка можност една партија да ги влече сите конци во главниот град на САД

На само две недели пред републиканецот Доналд Трамп да ја преземе претседателската функција, републиканците ќе имаат целосна контрола во Конгресот.

Републиканските лидери ветија забрзана динамика на работа во првите 100 дена, за да воспостават промени во улогата која владата ја има во животот на Американците.

Сепак, амбициозниот републикански план за трансформација на здравствената заштита, реформи во даноците и кратење на потрошувачката не се сигурни.

За новиот претседател успехот можеби нема да биде дефиниран од приоритетите кои се во согласност со оние на републиканските законодавци.

Норм Орнтштајн од Американскиот ентерпрајс Институт вели дека „Доналд Трамп сака големо кратење на даноците, зголемување на трошоците за одбраната, заедно со тоа колку што може повеќе да стори на инфраструктурен план за да може да објави победа по неколку нешта до крајот на првите 100 дена.“

За гласачите кои избраа еднопартиска влада, успехот значи конгресна акција по популарните пораки на Трамп за време на кампањата и обид за подобрување на економијата со создавање на нови работни места, едно од клучните прашања во кампањата во 2016-та.

Се очекува Конгресот дури пред инаугурацијата на Трамп да гласа за отповикување на здравствениот план на Обама. Со малото мнозинство над демократите во Сенатот, републиканците и Трамп можеби ќе бидат принудени да ги прифатат популарните аспекти од „Обамакеар“, кои овозможија 20 милиони лица во САД да имаат здравствено осигурување.

За Сенатот, потврдувањето на предлозите за пополнување на раководните функции на агенциите ќе биде прва работа, и се очекува жолчна расправа за номинацијата на Рекс Тилерсон за државен секретар на САД и за неговите врски со Владимир Путин.

Жестока дискусија се очекува и за номинацијата на Бен Карсон за раководител на Одделот за домување и урбан развој како и за Рик Пери номиниран да раководи со Одделот за енергија, за која тој порано кажа дека треба да биде укинат.

Се очекува Трамп брзо да го пополни и испразнетото место во Врховниот суд, чекор со кој ќе се постигне целосна конзервативна контрола врз трите гранки на власта. За тоа исто така ќе биде потребна сенатска поддршка.

XS
SM
MD
LG