Линкови за пристапност

Новата и старата администрација во судир околу здравствената заштита


Администрацијата на Обама бара начин да ја заштити Обамакеар, а Пенс се среќава со оние кои сакаат да ја отповикаат

Претседателот на САД, Барак Обама во посета на Капитол Хил, за да искаже поддршка за демократските законодавци во напорите за заштитата на едно од најзначајните негови достигнувања - законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

На Капитол Хил е и новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс, за да разговора со републиканците за нивната агенда, во која е вклучено и отповикувањето на Обамакеар.

Овие состаноци фрлаат светло на едно од најголемите битки за време на транзицијата на претседателствувањето на Обама кон новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Законот за здравствена заштита беше усвоен во 2010-та година кога демократите ја имаа контролата во Претставничкиот дом и Сенатот, а Обама беше претседател. На 20 јануари ваквата концентрација на моќта ќе премине кај републиканците.

Трамп нема убави зборови за програмата Обамакеар и вели дека чини премногу. Но тој не изложи план што би заменил.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, вчера на новинарите им кажа дека Обама со демократите ќе разговара како да се спротивстави на републиканските планови за отповикување на законот.

„Претседателот веќе подолго време е отворен за идејата и кон републиканците кои вистински се заинтересирани за реформа на законот за здравствена заштита, на начин на кој ќе биде зајакната програмата. Претседателот би ги поддржал тие напори, но тоа не е она што републиканците го нудат“, рече тој.

Најверојатно спротивставените политики на Обама и Трамп ќе излезат на виделина следната недела кога претседателот ќе го има својот проштален говор, по кој ќе следи голема прес конференција на Трамп, откако беше избран во ноември.

Трамп на Твитер објави дека на 11 јануари ќе одржи „општа прес конференција.“

XS
SM
MD
LG