Линкови за пристапност

Американска економија со мешани сигнали


Американска економија со мешани сигнали
Американска економија со мешани сигнали

Слабата економија произведе мешани сигнали во четврток за тоа колку брзо напредува.

Американската влада извести дека нарачките за трајни добра – оние дизајнирани да траат најмалку три години – пораснале за три проценти во декември, сугерирајќи дека производството е силен сегмент на националната економија. Нарачките за автомобили, комерцијални авиони, машинерија, опрема за комуникација и примарни метали, биле движечка сила на зголемувањето, втор месец по ред.

Но во друг извештај, владата вели дека бројот на американски работници кои за прв пат се пријавиле за бенефиции заради невработеност се зголемил за 21,000 минатата недела на 377,000, откако падна на најниско ниво за последните четири години претходната недела. Нови пријави за помош заради невработеност имаше се` помалку последниве месеци, достигнувајќи просек од околу истиот број како целокупниот број од минатата недела.

Но економистите велат дека 8.5 проценти национална стапка на невработеност нема многу да се намали се` додека новопријавените без работа не паданат под 375,000. Околу 13 милиони американски работници се невработени. Додека трудовиот пазар се подобруваше последниве месеци, државата имаше тешкотии да ги заменат 8.7 милионите изгубени работни места за време на рецесијата од 2007 до 2009, најлоша во американската историја од 1930те.

Централната банка на државата во среда објави дека ќе ги задржи каматните стапки на околу нула до доцна во 2014, во обид за поттикнување на националната економија. Во исто време, сепак, ја намали проекцијата за растеж на економијата оваа година – на 2.7 проценти, што е помалку од претходно проектираното - 2.9 проценти.

XS
SM
MD
LG