Линкови за пристапност

Ние сме во срцето на градот Газа, вели Израел


Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека бројот на загинати од израелските напади надминал 10.000
Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека бројот на загинати од израелските напади надминал 10.000

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денес изјави дека израелските одбранбени сили сега оперираат во градот Газа, центарот на операциите на Хамас, додека израелската војна против милитантната група се интензивира.

„Ние сме во срцето на градот Газа“, им рече Галант на новинарите.

„Газа е најголемата терористичка база некогаш изградена“.

Галант, исто така, потврди дека кога војната ќе заврши ниту Хамас ниту Израел нема да владеат со енклавата, дом на 2,2 милиони Палестинци.

Претходно, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе размисли за краткорочни паузи во воените операции за да се овозможи хуманитарна помош да стигне до појасот Газа или заложниците кои ги држат милитантите на Хамас да излезат, но тој ја отфрли можноста за генерален прекин на огнот.

Зборувајќи за Еј-Би-Си, Нетанјаху рече дека замислува оти Израел „ќе ја има севкупната безбедносна одговорност“ во Газа на неодреден период откако ќе ја постигне својата цел да го уништи Хамас, терористичка група назначена од САД.

„Кога ја немаме таа безбедносна одговорност, она што го имаме е ерупцијата на теророт на Хамас од размери што не можевме да ги замислиме“, рече Нетанјаху.

Израел вели дека Хамас држи повеќе од 240 заложници земени за време на нападот на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе.

Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека бројот на загинати од израелските напади надминал 10.000.

Белата куќа вчера соопшти дека претседателот Џо Бајден и Нетанјаху разговарале во телефонски разговор за можноста за тактички паузи за да им се овозможи на цивилите во Газа безбедно да заминат од областите на тековните борби, за да се осигура дека помошта ќе стигне до цивилите на кои им е потребна.

Бајден ја повтори својата цврста поддршка за Израел во неговата борба против Хамас, истовремено нагласувајќи го императивот да се заштитат палестинските цивили и да се намали цивилната штета за време на воените операции.

Тој, исто така, се осврна на ситуацијата на Западниот Брег и потребата да се побараат одговорност од екстремистичките доселеници за насилни акти.

Главниот заменик портпарол на американскиот Стејт департмент Ведант Пател рече дека САД сега им помогнале на повеќе од 400 свои граѓани, законски постојани жители и „други подобни лица“ да излезат од Газа.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG