Линкови за пристапност

Блинкен разговараше за Газа во Турција


Понекогаш отсуството на нешто лошо можеби не е најочигледниот доказ за напредок, но тоа е, им рече тој на новинарите пред да замине во Токио - азискиот дел од неговото патување
Понекогаш отсуството на нешто лошо можеби не е најочигледниот доказ за напредок, но тоа е, им рече тој на новинарите пред да замине во Токио - азискиот дел од неговото патување

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја заврши четиридневната посета на Блискиот Исток, со мал напредок во постигнување на хуманитарни паузи, со кои Вашингтон се обидува да добие поголема помош во Газа, во услови на израелско бомбардирање на енклавата и воспоставување смиреност за да се обезбеди безбедно премин за заложниците киднапирани од милитантите на Хамас.

Највисокиот американски дипломат минатиот четврток ја започна својата втора турнеја во регионот по 7 октомври, кога милитантите на Хамас упаднаа во Израел во најсмртоносниот напад во историјата на земјата, при што загинаа повеќе од 1.400 луѓе и киднапирајќи 240 други.

Иако ги отфрла зголемените светски повици за прекин на огнот, Вашингтон бара хуманитарна пауза во израелската воена офанзива, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одби Блинкен во петокот по нивните разговори, велејќи дека нема да има прекин во операциите на Израел доколку не се постигне договор за заложниците.

На прашањето каков конкретен напредок постигнал за време на неговата турнеја низ регионот, Блинкен посочи на напорите да се избегне регионална ескалација.

„Понекогаш отсуството на нешто лошо можеби не е најочигледниот доказ за напредок, но тоа е“, им рече тој на новинарите пред да замине во Токио - азискиот дел од неговото патување.

Тој рече дека Вашингтон е фокусиран на добивање поголема хуманитарна помош во Газа и оти ќе продолжи да работи со Израелците на чекори за минимизирање на цивилните жртви, но го признава недостатокот на пробив.

„Сето ова е работа во тек“, рече тој.

Вашингтон сака да спречи поширок регионален конфликт и ја засили дипломатијата со земјите низ регионот чии народи беа лути поради израелското бомбардирање на Газа.

XS
SM
MD
LG