Линкови за пристапност

Необичен фудбалски турнир во Вашингтон: Странски дипломати и американски законодавци ги „вкрстија копачките“


Законодавци, вработени во Капитол Хил, познати спортисти и меѓународни дипломати се собраа на целодневни фудбалски активности во Вашингтон. Настанот собра пари за младински фудбалски програми во сиромашните заедници. Известува Сакиб Ислам.

Го нарекуваат мини-Светско првенство. Турнир на „блиц-фудбал“ во Вашингтон - натпревари по 12 минути - одиграни меѓу 15 тимови од странските амбасадите во САД и тимот на Стејт департментот.

Фондацијата за фудбал спонзорираше цел ден активности насочени кон собирање пари за фудбалски програми за млади луѓе во сиромашните заедниците.

„Сакаме да го развиеме фудбалот во САД, да создадеме повеќе можности за младите да играат и да ги научат животните лекции што ги научив на теренот. Значи, овој настан е за тоа, за собирање пари – и за забава“, вели Тод Јаг, Ко-претседавач на фудбалски кокус.

„Нашата мисија е да го прошириме пристапот, да создадеме поинклузивни заедници, поздрави заедници преку фудбалот“, додава Мајкл Черубин од Американската фудбалска асоцијација.

САД и Украина ги „вкрстија копачките“ на еден од првите мечеви на денот.

„За Украина, тоа е нешто посебно кога ја имаме оваа поддршка од другите колеги од целиот свет, бидејќи знаете дека страдаме од руската агресија. И овде на теренот и надвор од него чувствуваме колку сме силни заедно со сите луѓе кои веруваат во вредностите на демократијата и слободата“, рече Олександер Борисенко од Амбасадата на Украина во Вашингтон.

Тимот на САД ја победи Украина со 3-1, но во четвртфиналето загуби од Франција со 2-1.

„Ова е одлична можност, дипломатија преку спортот, честопати фудбалот спојува различни луѓе на теренот“, вели Тод Андерсон од Американскиот Стејт Департмент.

Тимот на Чиле победи на турнирот.

„Овој турнир ни значи многу бидејќи доаѓа Турнирот за Копа Америка, па се надевам дека сите во Чиле ќе дознаат за нашата победа“, изјави Алваро Бустаманте од амбасадата на Чиле во Вашингтон.

Најважниот момент на денот беше Конгресниот фудбалски натпревар: Демократи против Републиканци, каде што 15 членови на Конгресот беше поделен на два тима по партиска линија и дополнет со професионални фудбалери.

„Играњето фудбал е како носење закон, не е лесно“, рече Рик Ларсен, законодавец од редовите на демократите.

Секоја екипа играше со жар, но бранителот на титулата, Републиканците, победија со 4-3.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG