Линкови за пристапност

Нема цврста понуда од Хамас за ослободување на заложниците, рече Нетанјаху


Ова го кажувам колку што можам јасно, бидејќи има толку многу неточни изјави кои секако ве мачат, додаде израелскиот премиер
Ова го кажувам колку што можам јасно, бидејќи има толку многу неточни изјави кои секако ве мачат, додаде израелскиот премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше денес по шпекулациите дека се работи за ново ослободување на заложниците во Газа, велејќи дека Израел презема иницијатива во отсуство на понуда од палестинската милитантна група Хамас.

„Нема вистински предлог од Хамас. Тоа не е точно“, се цитира во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху како тој им рекол на претставниците на заложничките семејства, откако некои роднини упаднале на седница на комисијата во парламентот, барајќи договор за ослободување.

„Ова го кажувам колку што можам јасно, бидејќи има толку многу неточни изјави кои секако ве мачат“, додаде Нетанјаху.

„Има иницијатива од наша страна, за која нема да елаборирам“.

Владата на Нетанјаху тврди дека израелската офанзива, започната како одмазда за прекуграничното убивање и киднапирање од страна на Хамас на 7 октомври, е неопходна за да се изврши притисок врз палестинските киднапери да ги ослободат заложниците под прифатливи услови.

Но, многу од роднините се загрижени дека заложниците може да бидат убиени.

XS
SM
MD
LG