Линкови за пристапност

Нека размислат тие кои имаат проблем - реакција на владата по проширувањето на листата на американски санкции


Влада на Северна Македонија
Влада на Северна Македонија

Нека размислат тие кои имаат проблем - нека размислат тие кои имаат проблем.

Тоа е позицијата на владата, соопштена од министерот за здравство Арбен Таравари, за новата извршна наредба на претседателот на САД, со која се проширија основите врз кои лица од Западен Балкан може да бидат санкционирани.

Одлуката на Џо Бајден, кој за десетина дена ја напушта Белата куќа, значи проширен опфат на мерки за сите оние кои се „одговорни или вклучени во напорите за оневозможување, попречување, загрозување мирот, стабилноста, безбедноста на земјите од Западен Балкан, но и поткопување на меѓународните договори како што е Преспанскиот“.

„Имаше најава за поригорозни мерки од претседателот на САД за сите оние кои не почитуваат одредени меѓународни спогодби, особено за Западен Балкан. Ние тоа го поздравуваме и мислам дека како влада се придржуваме максимално до сите тие меѓународни договори“, рече Таравари.

Новина во извршната одлука е дека не само што ќе се санкционираат оние кои се вклучени во корупција или политички поткуп на Западниот Балкан, туку и нивните сопрузи и деца.

Реакции по засилените рестрикции на Бајден за Западен Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Ова засилување на основната извршна наредба донесена во 2021 година доаѓа само еден месец откако „црната листа“ беше дополнета со двајца македонски државјани – две звучни имиња, судијата Енвер Беџети и ексвицепремиерот Артан Груби зашто примале поткуп за да се поткопаат судските процеси против Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Тајната служба, случај кој се` уште е тема на партиски обвинувања.

„СДС покрај ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто ѝ се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа. Нема амнестија за СДС во случајот Груби. СДС знаеле од прв ден што прави Груби. Не може за влада која ја воделе заедно и која заради ДУИ опстојуваше СДС да не знае што се случувало“, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност побараа и од „Вреди“, коалицијата на владејачки партии на Албанците.

„Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан Груби“, велат од „Вреди“.

Груби, кој неколку дена по обелоденувањето на „црната листа“ замина од земјава, е на меѓународна потерница на МВР, но за друго дело – финансиски малверзации во „Државна лотарија“.

Поврзано

XS
SM
MD
LG