Линкови за пристапност

САД ги става на црна листа сите кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор


Американскиот претседател Џо Бајден вчера вечер го потпиша декретот за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот.Извршната наредба предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД

ВАШИНГТОН - Секое лице, граѓанин или политичар, кој го спречува или пак претставува закана за спроведување на Преспанскиот договор или за Охридскиот рамковен договор ќе се најде на црната листа на САД, ќе му биде забранет влезот во САД и ќе му биде замрзнат имотот. Ова го предвидува декретот кој вчера вечер го потпиша претседателот на САД, Џо Бајден, а со кој се опфаќаат сите држави од регионот на Западен Балкан.

Декретот кој го објави Беата куќа е наречен „Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“.

„Јас, Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, го проширувам опсегот на итната состојба објавена со Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 (Замрзнување на имот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан), прецизирана со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 (Прекинување на итната состојба во врска со Југославија и модификација на Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001), наоѓајќи ја ситуацијата на територијата на поранешната Социјална Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), изминативе две децении, вклучувајќи го поткопувањето на поствоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широкораспространетата корупција во разни влади и институции во Западен Балкан, го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции и затоа претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, стои во Извршната наредба.

Кои лица и зошто ќе бидат опрафетни со овој декрет е прецизно објаснето а Преспанскиот и Охридскиот договор се наведениво третото поглавје.

„Оние кои се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во дејствие кое го попречува или е закана по имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор“, стои во директивата.

На црната листа ќе се најдат оние кои директно или индиректно се закана по мирот, безбедноста, стабилноста или по територијалниот интегритет на која било област или држава во Западен Балкан, Лицата кои директно или индиректно се одговорни за поткопување на демократските процеси или институции во Западен Балкан, за корупција и за прекрување на човековите права.

Западниот Балкан, неговата стабилизација и борбата против корупцијата е во фокусот на претседателот Бајден а неговата администрација веќе донесе одлуки со кои на црната листа се ставени неколку бугарски бизнисмени блиски до екс премиерот Бојко Борисов како и поранешниот албански премиер Сали Бериша.

XS
SM
MD
LG