Линкови за пристапност

Косово бара Србија да ги предаде избеганите вооружени лица по престрелката


САД ги осудија нападите врз полицијата и ги повикаа владите на Косово, поранешна српска покраина со 90 отсто етнички албанско мнозинство и Србија, да го смират деценискиот антагонизам
САД ги осудија нападите врз полицијата и ги повикаа владите на Косово, поранешна српска покраина со 90 отсто етнички албанско мнозинство и Србија, да го смират деценискиот антагонизам

Косово денес ја повика Србија да ги предаде вооружените етнички Срби за кои рече дека избегале по престрелката со косовската полиција во која загинаа четири лица во немирниот север на земјата, што ги влоши тензиите меѓу Приштина и Белград.

Вооружените напаѓачи упаднаа во селото Бањска во неделата, борејќи се со полицијата и се забарикадираа во српскиот православен манастир.

Полицијата го врати манастирот доцна во неделата, откако беа убиени тројца напаѓачи и еден полицаец.

САД ги осудија нападите врз полицијата и ги повикаа владите на Косово, поранешна српска покраина со 90 отсто етнички албанско мнозинство и Србија да го смират деценискиот антагонизам.

Вооружената полиција денес ги пребара куќите во Бањска за некој од околу 30-те вооружени напаѓачи кои можеби не побегнале, изјави полициски извор за Ројтерс.

Селото остана затворено за новинарите.

Косовските власти соопштија подоцна во текот на денот дека се верува оти некои од вооружените напаѓачи избегале во блиската Србија.

Косовскиот министер за внатрешни работи изјави дека шестмина повредени членови на вооружената група се хоспитализирани во јужниот српски град Нови Пазар, во близина на северната граница на Косово.

„Бараме од Србија да ги предаде овие луѓе на косовските власти што е можно поскоро, за да се соочат со правдата за нивните терористички акти“, покрај сите други што избегале во Србија, им рече тој на новинарите.

Српските владини претставници не одговорија веднаш на барањата на Ројтерс за коментар.

Во северниот град Митровица, косовската полиција на новинарите им покажа околу 20 теренци и оклопен камион за кои рекоа дека биле користени од вооружените напаѓачи.

Три од возилата беа обоени со логото на КФОР - мировната мисија на НАТО на Косово.

Полицијата, исто така, покажа низа оружје и муниција за која рекоа дека се запленети, вклучително и автомати на поранешна југословенска армија, митралези, снајперски пушки, минофрлачи, противтенковски ракетни фрлачи, рачни гранати, нагазни мини и беспилотни летала.

XS
SM
MD
LG