Линкови за пристапност

Oднесувањето на Србија е исто како на Русија пред инвазијата на Украина, рече Косово


Предупредувањето доаѓа откако САД во петокот соопштија дека го набљудуваат вознемирувачкото воено засилување на Србија долж косовската граница што ја дестабилизира областа, а НАТО соопшти дека одобрува дополнителни мировни сили за Косово
Предупредувањето доаѓа откако САД во петокот соопштија дека го набљудуваат вознемирувачкото воено засилување на Србија долж косовската граница што ја дестабилизира областа, а НАТО соопшти дека одобрува дополнителни мировни сили за Косово

Распоредувањето на српската војска на границата со Косово потсетува на однесувањето на Русија кон Украина пред нејзината инвазија, рече косовскиот министер за надворешни работи, повикувајќи ја Европската Унија да преземе мерки против Белград, како што е замрзнување на нејзиниот кандидатски статус.

Предупредувањето доаѓа откако САД во петокот соопштија дека го набљудуваат вознемирувачкото воено засилување на Србија долж косовската граница што ја дестабилизира областа, а НАТО соопшти дека одобрува дополнителни мировни сили за Косово.

„Никогаш немало ваква концентрација на војници во последниве години“, изјави косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц за германскиот радиодифузер Дојчландфунк во интервјуто денес.

„Оружјето што го имаат таму, тенковите - ни дава лошо чувство затоа што не знаеме како ќе одговори меѓународната заедница“.

Таа рече дека не е само концентрацијата на војниците на работ на нејзината поранешна јужна покраина, чија независност Белград не ја признава, туку и српската реторика и нејзините „методи“ кои наликуваат на руското однесување кон Украина.

„Затоа е уште поважно да се преземат неопходните чекори“, рече таа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела изјави дека нема намера да им нареди на своите сили да ја преминат границата со Косово, бидејќи ескалацијата на конфликтот ќе им наштети на аспирациите на Белград за пристапување во ЕУ.

Тензиите меѓу двете земји станаа високи откако пред 10 дена, борбата меѓу полицијата и вооружените етнички Срби, заробени во манастир, претвори мирно село во северно Косово во виртуелна воена зона.

Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година по герилскиот бунт и интервенцијата на НАТО во 1999 година, ја обвинува Србија за вооружување и поддршка на српските борци.

Србија го обвинува Косово за забрзување на насилството со неуспехот да го спроведе деценискиот договор, постигнат со посредство на ЕУ, кој предвидува локална автономија за Србите во областа на северот на земјата каде што тие формираат мнозинство.

„Вучиќ нема да остане на ова ако не се кажат јасни зборови и тој не гледа последици за неговите постапки“, предупреди Гервала-Шварц, истакнувајќи дека тоа може да вклучи суспендирање на фондовите на ЕУ за Србија и кандидатскиот статус за членство на земјата.

Поврзано

XS
SM
MD
LG