Линкови за пристапност

Над 800.000 луѓе би можеле да го напуштат Судан поради борбите, предупредија ОН


Околу 73.000 луѓе веќе го напуштиле Судан, објавија Обединетите нации
Околу 73.000 луѓе веќе го напуштиле Судан, објавија Обединетите нации

Борбите во Судан меѓу две воени фракции би можеле да принудат повеќе од 800.000 луѓе да ја напуштат земјата, предупредија денес Обединетите нации (ОН), бидејќи двете страни продолжија да се судираат и покрај уште едно тридневно продолжување на несигурниот прекин на огнот.

Заменик-шефот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Рауф Мазу, изјави дека агенцијата за бегалци предвидува 815.000 луѓе да побегнат од Судан во седум соседни земји. Тој рече дека бројката вклучува 580.000 Суданци заедно со странски бегалци кои сега живеат во Судан.

Околу 73.000 луѓе веќе го напуштиле Судан, рече тој.

Шефот на УНХЦР Филипо Гранди денес твитна дека агенцијата се надева оти нејзините бројки за планирање ќе се покажат превисоки, но рече дека „ако насилството не престане, ќе видиме повеќе луѓе принудени да го напуштат Судан барајќи безбедност“.

Жителите на Картум, главниот град на Судан и во неговите соседни градови, објавија дека слушнале воздушни напади и артилериски оган денс и покрај продолжувањето на договорот за прекин на огнот во неделата за уште 72 часа.

Дел од информациите се преземени од АП, Ројтерс и агенција Франс-прес

XS
SM
MD
LG