Линкови за пристапност

Најмалку четворица мртви во руски напад на Харкив


Градоначалникот на Харкив Игор Терехов изјави дека беспилотни летала погодиле неколку станбени згради
Градоначалникот на Харкив Игор Терехов изјави дека беспилотни летала погодиле неколку станбени згради

Украинските власти соопштија денес дека во напад со руско беспилотно летало во текот на ноќта биле убиени најмалку четири лица, а повредени 10 други во источниот град Харкив.

Градоначалникот на Харкив Игор Терехов изјави дека беспилотни летала погодиле неколку станбени згради. Олег Синегубов, регионалниот гувернер во Харкив, рече дека руските напади ги погодиле и градовите Лозова и Чугујев.

Руското министерство за одбрана денес соопшти дека спречило напади со украински беспилотни летала насочени кон два региона во западна Русија.

Руското министерство соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила три беспилотни летала над Белгород, кој граничи со Украина, како и два дрона над регионот Тула.

Украина и Финска вчера потпишаа 10-годишен безбедносен договор, што ја прави Финска осма членка на НАТО оваа година која се согласи на долгорочна безбедносна и одбранбена поддршка за Украина во нејзината борба против руските напаѓачи.

Финска рече дека ќе испрати и дополнителна воена помош од 203 милиони долари за Украина, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана и муниција од тежок калибар.

„Ние не ја даваме оваа воена поддршка само за Украина да се брани, ние ја даваме оваа воена поддршка за Украина да победи во оваа војна“, рече финскиот претседател на прес-конференцијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Некои информации во текстот се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG