Линкови за пристапност

Москва го извртува извештајот на ОН за состојбата со човековите права во Украина


Оваа воздушна фотографија направена на 1 февруари 2024 година, прикажува станбени згради уништени од гранатирање во Изјум, регионот Харкив, среде руската инвазија на Украина
Оваа воздушна фотографија направена на 1 февруари 2024 година, прикажува станбени згради уништени од гранатирање во Изјум, регионот Харкив, среде руската инвазија на Украина

На 27 март, руската државна новинска агенција РИА Новости објави два текста за најновиот извештај на Обединетите нации за состојбата со човековите права во Украина, кој го опфати периодот од 1 декември 2023 година до 29 февруари 2024 година.

"Peskov, commenting on the U.N. report on the torture of Russian prisoners of war in Ukraine, said that this is not news to Moscow, all crimes of the Kyiv regime are documented."
Source: Ria.ru, March 28, 2024
RIA Novosti

„Песков, коментирајќи го извештајот на ОН за тортурата на руските воени заробеници во Украина, рече дека тоа не е новост за Москва, сите злосторства на режимот во Киев се документирани“.

Додека најголемиот дел од извештајот на ОН беше посветен на руските кршења на човековите права во Украина, РИА Новости го игнорираше тоа, фокусирајќи се само на критиките на извештајот на ОН за прекршувањата од украинската страна.

Конкретно, руската новинска агенција објави дека 13 руски заробеници интервјуирани од официјални лица на ОН тврделе дека нивните украински киднапери ги мачеле за време на испрашувањето.

На 28 март, РИА Новости објави напис со наслов „Песков го коментираше извештајот на ОН за тортурата на руските војници во Украина“, кој го цитираше портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Песков, коментирајќи го извештајот на ОН за тортурата на руските воени заробеници во Украина, рече дека тоа не е новост за Москва, сите злосторства на режимот во Киев се документирани“, се вели во написот на РИА Новости.

Исто така, се цитираше изјавата на Песков:

„Се разбира, ќе се погрижиме оние кои стојат зад овие злосторства да бидат соодветно казнети“.

Тоа е погрешно. Извештајот на ОН првенствено се фокусираше на руските прекршувања на човековите права во областите на Украина под руска контрола.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН го објави извештајот, негов триесет и осми за состојбата со човековите права во Украина, на 26 март.

Во извештајот, заснован на работата на Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, се наведува дека инвазијата и окупацијата на руската војска на делови од Украина биле придружени со сериозни прекршувања на меѓународните човекови права и хуманитарното право.

Според извештајот, руското гранатирање на украинска територија помеѓу 1 декември 2023 година и 29 февруари 2024 година довело до зголемување на цивилните жртви во споредба со претходните месеци.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН верификуваше 1.804 цивилни жртви во Украина во наведениот период, од кои 712 беа повредени како резултат на гранатирање.

Во руските акции во Украина загинаа „најмалку 429 цивили (232 мажи, 181 жени, 10 момчиња и 6 девојчиња) и беа повредени 1.375 (717 мажи, 576 жени, 50 момчиња и 32 девојчиња), се вели во извештајот.

Според извештајот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, најмногу настрада Харкив, кој беше подложен на бројни руски напади.

Цивилните области околу Купијанск во регионот Харкои, Авдивка во регионот Доњецк и Херсон беа сериозно оштетени, а неколку градови и населени места долж линијата на фронтот наводно биле практично уништени.

Поголемиот дел од жртвите биле предизвикани со употреба на експлозиви во населените области, а непропорционален дел од загинатите и ранетите биле постари луѓе, особено во областите блиску до линијата на фронтот, открија набљудувачите на ОН.

Евидентирале и оштетувања или уништување на „106 образовни објекти и 28 здравствени установи“.

Покрај тоа, ОН интервјуираше 60 Украинци кои неодамна беа ослободени од руско заробеништво, во кое поминаа од неколку недели до речиси две години.

„Нивните извештаи ги зајакнаа претходно документираните обрасци на широко распространето мачење или нечовечко или понижувачко постапување или казнување на украинските заробеници во руско заробеништво, како и условите на притвор што не се во согласност со меѓународното право“, нагласуваат авторите на извештајот.

Во извештајот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, се наведува дека во периодот од 1 декември 2023 година до 29 февруари 2024 година, ОН добиле извештаи за 12 инциденти во кои биле егзекутирани најмалку 32 неодамна заробени украински воени заробеници.

ОН, исто така, известија дека руските окупациски власти во регионите Доњецк и Луганск извршиле притисок врз мажите да се пријават во редовите на руските вооружени сили и да потпишат договори со руското Министерство за одбрана.

Руските сили, исто така, вршеа притисок врз жителите на окупираните територии да добијат руско државјанство и пасоши, и директно, преку закани и заплашувања, и индиректно.

Некои од луѓето кои мисијата на ОН ги интервјуираше рекоа дека оние без руски пасоши се соочуваат со ограничувања на пристапот до владините услуги, здравствената заштита и вработувањето.

Неколку украински медиуми забележаа дека во извештајот на ОН се наведува дека руските затвореници биле мачени од Украинци, а руските војници „hors de combat“ (привремено или трајно неспособни да ги извршуваат своите борбени задачи) биле егзекутирани.

Glavcom.ua, популарна украинска веб-страница која е блокирана во Русија во последните десет години, објави дека ОН „биле активно загрижени за судбината на руската војска, која дошла во туѓа земја за да убива Украинци“.

Веб-страницата истакна дека руските заробеници биле интервјуирани од мисијата за набљудување на човековите права на ОН во Украина бидејќи „Украина, за разлика од земјата окупатор, ѝ дала на мисијата на ОН целосен пристап до официјалните центри за интернирање каде што биле чувани руските воени заробеници“.

Целиот извештај на ОН може да се прочита на следниот линк: report-human-rights-situation-ukraine

Polygraph.info е производ на тимот за проверка на факти на Гласот на Америка

XS
SM
MD
LG